Забава
Деби Хари во своите мемоари откри дека Боуви бил нашмркан со кокаин и ѝ го покажал својот полов орган
Поп-рок пејачката Деби Хари (74) од групата „Блонди“ ги објави мемоарите Face It, во кои напиша работи што досега не биле познати за јавноста, пренесува „Мирор“.
„За мене, најдобриот период на групата ‘Блонди’ беше кога штотуку почнавме да се пробиваме во Њујорк. Никој не зборуваше за комерцијален успех. Она што го работевме беше многу подобро од тоа“, напиша Деби во мемоарите нагласувајќи дека славата е како сексот.
На почетокот од кариерата Деби работела како келнерка во бикини и нејзиниот тогашен партнер, гитаристот Крис Штајн (69), добивал социјална помош. Додека свиреле во клубот ЦБГБ, Деби првпат пробала хероин.
„Секојпат кога сакав да избришам делови од мојот живот или да се борам против депресијата, земав хероин“, рече таа.
Групата „Блонди“ одела на турнеи со Иги Поп (72) и Дејвид Боуви.
„По еден концерт, Иги и Дејвид бараа кокаин и се вратија по некое време со еден грам. Тие го ишмркаа во еден потег. Не ми се допаѓаше кокаинот затоа што ме правеше нервозна. Кога го ишмрка, Дејвид само го извади пенисот како да сум официјален оценувач на полови органи. Јас бев единствената жена со нив, па тоа му се чинеше логично. Дејвид имаше голем полов орган и имаше обичај да го вади пред жени и мажи. Ми беше многу смешно“, напиша Деби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски парови кои истрајуваат дури и кога ќе стане тешко
Хороскопските парови кои секогаш преживуваат се тука еден за друг дури и во тешки времиња. Нивната врска е силна и поради довербата и искреноста што ја имаат.
Што и да се случи, тие ќе бидат тука да се поддржуваат еден со друг. Овие хороскопски парови го имаат целиот потенцијал да ги надминат сите тешкотии. Кога еден од нив не е во најдобра состојба да се соочи со проблеми, тогаш другиот презема иницијатива и го покрива во се.
Хороскопски парови кои секогаш траат
Рак и Јарец
Ова е многу силен пар. Немојте да ве залажува фактот дека Ракот како личност е почувствителен или попридушен. За неговото семејство и оние што ги сака, тој станува повеќе од само карпа и може да направи се. Може да ги придвижи и земјата и небото, да помогне и поддржи. Од друга страна, Јарците се многу силни, па не им е тешко да му помогнат и да го поддржат Ракот, но и да го негуваат и да направат се што треба за да излезат посилни од целата ситуација.
Лав и Овен
Нивната сила во заедницата е неизмерна. Тоа се две личности кои по природа се лидери. Тие се многу силни карактери, но успешно примаат удари. Што и да се случи во животот, другиот ќе биде многу среќен да му помогне, да го поддржи и да стане негова карпа додека не се надминат сите пречки и проблеми. Знаат што да прават и му даваат на другиот онолку време колку што му е потребно за да застане на нозе.
Вага и Девица
Ова е пар кој навистина ќе стои еден до друг до крај. Тоа е во исто време карпа која е потпора и мирно пристаниште каде што можат да бидат во мир. Вагите секогаш го поддржуваат партнерот и им помагаат во се. Тие се грижат за нивната општа благосостојба и ако тоа е добро, и Вагите ќе бидат добри. Во тешки времиња, тие ќе чекорат напред и ќе преземат иницијатива. Од друга страна, Девиците даваат и им служат на луѓето. За неа поддршката на партнерот е се. Во спротивно тоа би го сметала за предавство, па не би ни зборувала за тоа.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.