Црна хроника
Скопјани се степаа во аптека на „Партизанска“
Вчера, во аптека на булеварот Партизански одреди во Скопје, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу З. К. (66) и В. С. (46), двајцата од Скопје.
МВР за овој случај информира дека е направен записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
На стакло од штаб на политичка партија во Центар испишан графит, полицијата го расчистува случајот
Вчера во 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на стакло од штаб на политичка партија на подрачјето на Центар бил испишан графит, извести МВР.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Нападнат осуденик во Идризово
Вчера во 23.40 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 17.30 часот во установата, осуденикот, 38-годишниот П.П. од Тетово бил нападнат со остар предмет од осуденикот Е.Н., извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена жена во Охрид, разбојник ја турнал и ја ограбил
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот Д.М. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба на дрзок начин“, извести СВР Охрид.
„Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид турнал 84-годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи. Притоа, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Исто така, пријавениот на улица „Богомолска“ на сличен начин од 65 – годишна жена одзел чанта со пари и лични документи“, соопшти СВР Охрид.