Македонија
Прва официјална посета на новиот грчки конзул во општина Битола

Во прва работна и официјална посета на општина Битола престојуваше новиот конзул на Генералниот конзулат на Република Грција во Битола, Ахилеас Ракинас. Новиот грчки конзул оствари работна средба со градоначалничката Наташа Петровска во нејзиниот кабинет, при што разговараа на повеќе теми.
Ракинас се интересираше за посетата на градоначалничката Петровска на САД и стекнатите искуства од студискиот престој во повеќе сфери, преку програмите за заедничка соработка и напредок на културата. Тој изрази посебно задоволство од големиот број културни настани во градот, затоа што неговото доаѓање се совпадна со одржувањето на фестивалот „Браќа Манаки“. Воодушевен од филмот за браќата Манаки, грчкиот конзул Ракинас даде и конкретни предлози за натамошна културна соработка помеѓу Битола и Јанина.
Градоначалничката Петровска го информираше новиот грчки конзул за тековните активности и средбата со градоначалникот на градот Кожани, како и за иницијативата за заедничка соработка на полето на енергетската ефикасност од двете страни на границата. Двајцата соговорници на средбата истакнаа дека постојат повеќе области во кои соработката може да се проширува, а тука се и меѓуграничните проекти од ИПА-програмата кои веќе се во тек на реализација, соопшти Општина Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Словенечки пожарникари пристигнаа за помош во гасење на шумските пожари во Македонија

Повеќе од 60 пожарникари од Словенија со 18 возила утрово пристигнаа преку граничниот премин „Табановце“.
Тие се приклучија на македонските и чешките тимови во борбата против шумските пожари кои беснеат низ земјава.
Според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, пет се ставени под контрола, а дваесет се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во планинските предели кај Нивичино, како и на потегот помеѓу неколку села во Прилепско и Кавадаречко. Во Прилепско, интервенцијата е отежната поради детонации во близина на пожарот, поради што на тој дел не се интервенира, соопшти утрово ЦУК.
Македонија
Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјава

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, пет се ставени под контрола, а дваесет се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во планинските предели кај Нивичино, како и на потегот помеѓу неколку села во Прилепско и Кавадаречко. Во Прилепско, интервенцијата е отежната поради детонации во близина на пожарот, поради што на тој дел не се интервенира, соопшти ЦУК.
Под контрола се пожари во општините Македонски Брод, Штип, Карбинци и Македонска Каменица, каде е зафатена претежно мешана или нискостеблеста шума, како и деградирани површини со ниска вегетација.
Пожарникарските екипи и понатаму се ангажирани на терен, а властите апелираат на внимателност и одговорно однесување, особено во подрачја каде постои зголемен ризик од нови пожари.
Македонија
Управител и фирма обвинети за неправилности во производството на медицински канабис

Полицијата поднесе кривична пријава против управителот Д.К.(30) од Скопје и фирмата.
Пријавениот, како одговорно лице, по добивање на решението лани за одгледување на канабис за медицински цели, постапил спротино на одредбите од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Од МВР велат дека тој не се придржувал кон елаборатот за производство на канабис за медицински цели, што било констатирано при извршена контрола од страна на полициски службеници од МВР во содејство со Комисијата за оценување на исполнетоста на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис.
Притоа биле одземени 1.260 грама марихуана, како и исушено искршено стебло и поголем број на исушени и скршени гранчиња од растението канабис.