Македонија
Арсовска на „Економист“: Западен Балкан е слепото црево на Европа, неопходна е ЕУ интеграција
На панел-сесијата посветена на економијата во рамки на Самитот на лондонски „Економист“, претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Данела Арсовска, заедно со директорот на канцеларијата на Светска банка во Македонија, Марко Мантованели, и претседателот на Федерацијата на индустрии на Грција (СББЕ), Атанасисо Савакис, дискутираа за можноста Западен Балкан да се развива како бизнис-хаб, со особен акцент на привлекување инвестиции во регионот, инфраструктурана поврзаност, како и можноста за економски раст преку иновации.
Давајќи одговори на трите теми Арсовска истакна дека погрешен е пристапот државите од регионот, вклучувајќи ја и Македонија да се гетоизираат во Западен Балкан.
„Западен Балкан како гето не носи повеќе можности за успех, ниту за државите поединечно, ниту како регион и овој пристап не даде резултати. За да се овозможи развој потребно е Македонија што поскоро да се интегрира во Европската Унија, а не да биде дел од Западен Балкан, како слепо црево на Европа. Тоа е единствениот начин за да ни се овозможи подеднакво да учествуваме на единствениот економски пазар, но и да пристапиме и да се отвориме кон и за глобалните пазари. Датумот за интеграција треба да е транспарентен и извесен, како и безрезервната поддршка во имплементирање на структурните економски реформи. Она кое што е предизвик за сите држави од Западен Балкан е што сите меѓусебно се конкуренти и покрај тоа што традиционално се најдобри партнери во трговската размена заедно со западноевропските земји. Вториот заеднички предизвик за економски развој на регионот е владеењето на правото, поточно најголемиот јаз согласно индикаторите на Светска банка помеѓу земјите од ЕУ и Западен Балкан е владеењето на правото, борба против криминалот и корупцијата“, изјави Арсовска.
Таа додаде дека со отстранување на бариерите кои го отежнуваат растот на компаниите во земјите од регионот, ќе се создаде можност преку поттикнување на претприемништво и иновации да се создадат нови работни места и да се искористи потенцијалот на човечки капитал кој е клучен за постигнување економски раст.
Арсовска посочи дека инфраструктурните проекти се долгорочни инвестиции кои ќе го поврзат регионот со светот, при што условите за напредок преку заеднички регионален пазар од над 20 милиони ќе го направат регионот поконкурентен, но и секоја од државите поединечно, со оглед на тоа што засебно сме мали пазари, а преку хармонизирање на инвестициските политики ќе им се овозможи на странските вложувачи да работат послободно во регионот.
На еднодневниот самит на заесебни панел-сесии дебатираа и премиерот Зоран Заев, лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, поранешниот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц, поранешниот помошник-државен секретар на САД, Вес Мичел, и поранешниот премиер на Белгија, Гај Ферхофштад.
Минатата година Самитот на ЕУ и Западен Балкан се одржа во Белград, каде претседателот Арсовска учествуваше на панел-сесија посветена на одржлив пат на регионот кон економски развој, претходно во Подгорица, Виена, Букурешт и други европски центри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Режимот на ДПМНЕ со демнење и следење демонстрира сила наместо да одговори како се преживува со 400 евра плата, велат од Левицата
Левица најостро реагира на скандалот со следењето на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, што кулминираше со јавно објавување на снимка на која тој е заедно со неговите малолетни деца. Ова е злоупотреба на безбедносни механизми и демонстрација на режимска сила насочена против синдикалното организирање, велат од оваа партија.
„Откако Христијан Мицкоски наместо достоинствено да одговори на барањата на работниците, јавно најави дека „ќе се виделе снимки“ од претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, следеше објава од пратеничката Дафина Стојановска – со видео во кое синдикалниот лидер е снимен заедно со неговите малолетни деца. Овој хронолошки след не остава простор за наивни толкувања, туку станува збор за координирана политичка операција со цел дискредитација, заплашување преку крајно недозволиви механизми на демнење и следење“.
Во држава во која безбедносните служби посебните истражни мерки (ПИМ) смеат да ги користат исклучиво за тешки кривични дела, според Левица, следење на синдикален лидер кој бара повисоки плати претставува скандал од прв ред.
„Доколку се користени тајни служби или ПИ мерки за политичка пресметка со синдикат, тоа е директна злоупотреба на државниот апарат. Ако, пак, следењето е вршено по партиска линија со логистика и ресурси достапни преку власта, тогаш станува збор за параинституционално дејствување кое е подеднакво опасно и претставува кривично дело!
Дополнително, објавувањето снимка во која се појавуваат малолетни деца претставува особено дрско и неморално преминување на сите граници. Тоа е обид за притисок и индиректна закана – порака дека секој кој ќе се спротивстави на вмровската власт може да биде ставен под надзор, изложен и компромитиран.
Дафина Стојановска – пратеничка која важи за паразит кој со години наплатува високи патни трошоци и покрај тоа што поседува меѓудругото и четири стана во Скопје, денес глуми разобличувач на човек кој бара достоинствени плати за работниците. Тоа лицемерие е политички цинично и морално неодбранливо. Станува збор за пратеничка која очигледно вчера била изреволтирана што не успеала да наплати патни трошоци, бидејќи претходно, јавноста помни, дека жестоко се спротиставуваше на укинувањето на патните трошоци на пратениците! Инаку, нејзините патни трошоци само во 2025 година надмниуваат 11 минимални плати.
Да бидеме јасни – барањата на синдикатите немаат партиска позадина“.
Како што нагласуваат од Левица, тие произлегуваат од реалноста во која платите на работниците се заглавени на дното во регионот и Европа, инфлацијата го уништува домашниот буџет, сметките растат, животниот стандард опаѓа, а општините предводени од ДПМНЕ ги зголемуваат трошоците за граѓаните до надоместоци за градинки.
„Во такви услови, синдикалната борба е легитимна и неопходна.
Ова е симптом на власт која ја поистоветува државата со партијата и безбедносниот апарат со сопствената пропагандна машинерија. Следење на синдикален претставник и јавно изложување на неговото семејство претставува јасна демонстрација на ароганција, страв и авторитарен менталитет. Наместо да се соочи со сиромаштијата, инфлацијата и понижувачките плати, ДПМНЕ избира да произведува афери и да таргетира луѓе кои бараат достоинствен живот за работниците.
Прашањето на кое функционерите од ДПМНЕ треба да одговорат не е кој е Слободан Трендафилов, туку дали тие би преживеале со 400 евра плата“.
Македонија
Сиљановска Давкова ја прими Рита Колумбиа, постојана координаторка на Обединетите Нации
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Рита Колумбиа, постојана координаторка на Обединетите Нации во земјава.
На средбата се разговараше за плановите на Обединетите Нации, врзани за реализацијата на претстојните проекти со фокус на стратешките приоритети опфатени во Рамката за соработка за одржлив развој 2026-2030 година.
Претседателката укажа на важноста на досега реализираните програми на Обединетите Нации во функција на градење институционални капацитети, унапредување на владеењето на правото и дефинирање на квалитетни јавни политики. Според претседателката, тие се во корелација со напорите за европеизација на македонското општество и исполнување на стратешката цел – интеграција во Европската Унија.
Соговорнички разменија мислења по однос на иницијативата ОН80, чија цел е поттикнување реформа и модернизација на организацијата заради поголема, ефикасност и релевантност во справувањето со глобалните предизвици.
Тие го анализираа нејзиното значење за преиспитувањето на улогата на Обединетите Нации и справувањето со безбедносните, климатски, економските и технолошките предизвици.
Претседателката посочи на неодложната потреба од длабоки реформи на ООН заради обезбедување ефикасен, координиран и одговорен систем на реалните потреби на државите и граѓаните. Таа, уште еднаш ја афирмираше својата заложба за жена генерален секретар.
Исто така, Сиљановска-Давкова посака планираните буџетски рестрикции, соодветни на иницираната рационализација на работата на ООН, да не се одразат негативно врз реализацијата на нивните програми кај нас.
Македонија
Укинување на техничка влада, криминал, корупција, Груевски, се враќаме во 2016 година, велат од СДСМ
Сѐ она што го говореше СДСМ во изминатиот период се потврдува, велат од оваа партија.
„Власта сака да ја укине техничката Влада, единствената можност за чесни и фер избори. Да се влијае на слободната волја на граѓаните а опозицијата да не види што се прават по министерствата.
Криминалот и корупцијата цветаат. 161 тендер за само една фирма, 51 тендер за омилената компанија на власта преку општините, 9 милиони евра за фирма со еден вработен, 1,2 милиони евра преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ, а одговорност нема.
На листата на Транспаренси интернешенал, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија“.
Според СДСМ, повторно се враќа времето кога парите на граѓаните се трошат само за богатење кликата на Мицкоски во врвот на власта и за луксузирање.
„Мицкоски има часовници од 60 илјади евра вредни 150 минимални плати, сака да купува авион од стотици милиони евра за нови туристички патувања. Исто како Никола Груевски кој со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра.
Паралелено, власта свесно ја води земјата кон намерна изолација за да може да течат криминалните тендери зад грбот на народот.
Се подготвува враќање на Никола Груевски. Преку дискредитација на предметите од СЈО и релативизирање на пресудите за нивно поништување. Организиран обид со помош на медиумите на Орбан кој контролира 40%, за да се избрише одговорноста за криминалот на поранешната власт и да се претстави бегалецот Груевски како жртва“.
Од опозициската партија со оценка дека се враќаме во 2016 година.

