Црна хроника
Куче на Царината откри половина килограм марихуана

Куче на Царинската управа во автобус што сообраќал на линија Кичево- Ансбах, Германија откри половина килограм марихуана, соопшти Царинската управа.
Дрогата била откриена на граничниот премин Табановце во еден куфер сместен во багажниот простор од автобусот, во картонска кутија. Возачите на автобусот изјавиле дека куферот им го дал непознато лице на автобуската станица во Гостивар. Царинските инспектори утврдиле дека куферот до автобуската станица го донел и го предал на возачите, осумнаесетгодишен жител на гостиварското село Врапчиште. Откако од Основниот суд Гостивар е побарана наредба за претрес на дом и други простории, во соработка со МВР извршен е претрес во домот на осомниченото лице, но истиот не е пронајден. По опширната потрага на територијата на општината Врапчиште, осомничениот бил лоциран во угостителски објект каде бил приведен.Осомничениот е предаден во надлежност на Основниот суд, а Царинската управа до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.