Забава
Принцот Хари: Ја изгубив мајка ми, а сега Меган е жртва на истите сили
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (38), тужи еден британски весник за објавување некои нејзини приватни писма без дозвола, според списанието „Хелоу“. На официјалната веб-страница на кралската двојка принцот Хари (34) објави долга изјава, во која вели дека неговата сопруга станала една од жртвите на британските таблоиди и дека тоа било многу болно за нивното семејство.
„Како двојка, ние веруваме во слободата на медиумите, објективноста и вистинитоста во известувањето. Веруваме дека ова се заснова на демократија и во овој момент во светот, на сите нивоа, никогаш не ни требале поодговорни медиуми. За жал, мојата сопруга е една од последните жртви на британскиот печат што плаќа за кампањи против поединци, без да размислува за последиците. Немилосрдната кампања ескалира во текот на изминатата година за време и по нејзината бременост“, вели принцот Хари.

Двојката истакна дека досега не успеале да ги поправат грешките и заблудите што се појавуваат за нив.
„Затоа, се обидуваме тоа да го доисправиме по легален пат, а процесот трае со месеци“, вели Хари. Тој го нарече однесувањето на медиумите кон Меган малтретирање, што не е прифатливо на ниту едно ниво.
Исто така, тој стравува дека историјата се повторува бидејќи тоа ѝ се случувало и на мајка му, принцезата Дајана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

