Економија
Како да му ја зголемите вредноста на вашиот недвижен имот

Инвестирањето во недвижности е сигурна и долгорочна инвестиција. Многу фактори влијаат врз нивната вредност и на тоа дали таа ќе опадне или ќе порасне. Најголемиот фактор да ја задржите вредноста на вашата инвестиција е таа да се одржува на правилен начин.
Покрај економското опкружување, понудата и побарувачката на пазарот, инфлацијата, исто така и функционалноста, амортизацијата, трошоците за одржување и сл. влијаат врз вредноста на недвижниот имот, па така тој може да ви донесе добивка или загуба!
Дали знаете дека вредноста на вашиот имот и недвижностите може да се зголеми и со едноставни и мали инвестиции кои може да се исплатат и да ја зголемат цената на недвижноста, како, на пример:
– редовна проверка на електричната и водоводната инсталација
– редовна контрола на системите за греење и ладење
– реновирање (во зависност од потребите, на столаријата, на кујната или тоалетот);
– варосување;
– уредувањето на дворното место;
– чистење итн.
Можеби е потребно:
– преуредување на станбениот или деловниот простор или пренаменување на едното во друго;
– обезбедување соодветна опрема или приклучоци за нив или
– енергетски поефикасни решенија (користење штедливи светла, енергетски ефикасни климатизери, подобра изолација итн.).
Сето тоа може да придонесе вашиот недвижен имот да стане поатрактивен за продажба или за издавање под закуп.
Но, за сето тоа потребно е и време, знаење и посветеност. Доколку не сакате да се доведете до непријатна ситуација и загуби, потребен ви е соодветен план и навремено организирање и преземање активности, како и консултирање експерти.
Тие ќе ви помогнат во процената на вредноста на имотот и како таа може да се зголеми, но може и целосно да се погрижат за неговата функционалност и профитабилност доколку се работи за издавање деловен или станбен простор.
Затоа, наместо времето да го трошите трчајќи и барајќи разни страни совети, идеи и подизведувачи, најдобро е да ангажирате стручен кадар и тоа со искуство во областа на управување со средствата и недвижниот имот. Некои компании веќе постојат на нашиот пазар кои работат во овие области. FMS (Facility Management Services) ги вклучува сите овие услуги на едно место, а ги димензионира во зависност од одделните потреби на секој клиент. Ваквите специјализирани фирми редовно се грижат за имотот и неговата вредност и водат евиденција за неговата тековна состојба. На тој начин ќе бидете во тек со актуелните настани, ќе бидете усогласени со законските регулативи и даночни политики. Сето тоа ќе ви овозможи да се справите со ризиците од загуби, но и да ги зголемите вашиот имот и приходите.
Фасилити-менаџмент компанијата ви е потребна доколку сакате вашиот недвижен имот да ја задржи и зголеми својата вредност, ако сте компанија и сакате вашите имоти или канцеларии да бидат ефикасно управувани или ако не знаете што да правите со некој имот, да му се најде намена која ќе носи профит. Мисијата на ваквиот тип фирми е некој друг да се грижи за проблемите што не знаете да ги решите или ви претставуваат товар од аспект на непотребно трошење на скапоцени ресурси, а тие ресурси може да бидат искористени на правилно место и со тоа вие да се посветите на вашиот основен бизнис, со што ќе ја зголемите профитабилноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Димитриеска-Кочоска учествува на годишните средби на ММФ и на Светската банка во Вашингтон

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска ќе престојува во работна посета на САД, каде што ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, коишто се одржуваат оваа недела во Вашингтон.
Посетата ќе биде можност министерката за финансии на средби со високи претставници од овие меѓународни финансиски институции да ги претстави економските и пред сѐ фискалните политики што ги спроведува Владата, напорите за фискална консолидација, за одржување макроекономска стабилност и за обезбедување одржлив економски раст. Согласно агендата, министерката ќе оствари средби со заменикот на генералниот директор на ММФ Бо Ли, извршниот директор Јерон Клик, замениците на извршните директори Марникс ван Рај и Владислав Рашкован, директорот на Европскиот оддел во ММФ Алфред Камер и шефот на Мисијата на ММФ за нашата земја Ник Гигинеишвили. Исто така, средби се предвидени и со потпретседателката на Светската банка Антонела Басани, извршниот директор на Светската банка Јуџин Ругенат, регионалната директорка за Западен Балкан, Европа и Централна Азија Шиаочин Ју и со директорката за земјава во СБ Карол Межеван.
Димитриеска-Кочоска во Вашингтон ќе има можност да оствари средби и со претставници на Трезорот на САД, со којшто е воспоставена соработка во насока на зајакнување на ефикасноста на институциите, како и со повеќе инвеститори коишто се вклучени во процесот на издавање еврообврзници.
Годишните средби на ММФ и СБ оваа година се одржуваат под мотото „Можност во време на промени“, а на нив учесниците, односно министрите за финансии, гувернери, претставници на бизнис-заедницата и на граѓанскиот сектор, академици и сл. ќе можат да се осврнат на актуелните состојби и на предизвиците во глобални рамки, како и на изнаоѓање можни решенија. На годишните средби во Вашингтон министерката за финансии учествува заедно со гувернерот на Народната банка Трајко Славески.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 % во однос на одлуката од 6.10.2025 година.
Од 14.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,661 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,001 ден/кг и сега изнесува 36,661 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,358% и кај дизелот за 2,566%, кај екстра лесното масло за 2,450% и кај мазутот намалувањето е за 0,645%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5110%.
Економија
Халкбанк со промотивна понуда за потрошувачки кредит

Халкбанк АД Скопје им овозможува на своите клиенти нова можност да ги реализираат своите желби и планови под поволни услови, преку промотивната понуда за Промо потрошувачки кредит, со фиксна каматна стапка за целиот период на отплата.
Новиот производ на Халкбанк е со максимален износ до 2 500 000 денари, со можност за отплата до 120 месеци, и камата што останува непроменета во текот на целиот период на отплата. За кредити со рок до 95 месеци, каматната стапка изнесува 5% фиксна, а за кредити со рок до 120 месеци – 5,7% фиксна, со вклучено осигурување (CPI или Живот + Незгода).
Кредитната способност за вработени лица изнесува до 50% од месечните примања, додека пензионерите можат да користат кредит до 600 000 денари, по фиксна камата од 5%, со рок на отплата до 120 месеци, и кредитна способност до 40% од износот на пензијата.
Покрај поволните услови, Промо потрошувачкиот кредит овозможува висок степен на заштита и сигурност, благодарение на вклучените осигурителни полиси за случај на несреќа, боледување или невработеност, издадени од Халк Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување – Живот АД Скопје.
Со вкупна стапка на трошок (СВТ) од 5,78% за кредити со рок на отплата до 95 месеци и 6,53% за кредити до 120 месеци, оваа промотивна понуда претставува една од најповолните и најсигурни можности на пазарот за реализација на лични цели и финансиски планови.
Промоцијата е со важност до 30 ноември 2025 година.
(ПР)