Вести
Израел ја критикува Шведска поради најавата за признавање на Палестина
Израел ја критикуваше во неделата Шведска откако новиот нејзин премиер Стефан Лофвен во петок најави дека неговата земја ќе го признае постоењето на палестинска држава.
Израел ја критикуваше во неделата Шведска откако новиот нејзин премиер Стефан Лофвен во петок најави дека неговата земја ќе го признае постоењето на палестинска држава.
„Министерот за надворешни работи Авгиндор Либерман изразува жалење што новиот премиер избрза со изјавите за шведскиот став за признавањето на палестинската држава, очигледно пред да има можност подлабоко да го проучи тоа прашање“, се наведува во соопштението од кабинетот на шефот на израелската дипломатија објавено ноќта кон неделата.
Во него се додава дека шведскиот амбасадор во Израел, Карл Магнус Несер „ќе биде повикан на разговори во министерството за надворешни работи во Ерусалим“. „Премиерот Лофвен мора да сфати дека никаква изјава или чин на третата страна не можат да ги заменат директните преговори меѓу страните“, се додава во соопштението коешто го цитира AFP.
Социјалдемократскиот премиер на Шведска, Стефен Лофвен, кој победи на минатомесечните парламентарни избори, во петокот изјав дека неговата земја сака да го поддржи решението на израелско-палестинскиот судир и со воспоставување две држави.
Изјавата не шведскиот премиер топло ја поздравија палестинските челници, додека САД порачаа дека е прерано за меѓународно признавање на Палестина. Шведска во 2012 година на Генералното собрание гласаше за доделување на набљудувачки статус на Палестина во Обединетите нации, кој беше одобрен и покрај спротиставувањето на САД и некои други земји сојузцни.
Седум земји членки на Европската унија ја признаа палестинската држава, и тоа Бугарија, Кипар, Малта, Полска, Романија, Унгарија и Чешка. Исланд е засега единствената западноевропска земја нечленка на ЕУ којашто тоа го стори./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.