Црна хроника
Кривична пријава против цариник поради пропуштање стока без контрола и наплата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против 51-годишен охриѓанец за злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Како што соопшти МВР, Г. М. како царински службеник на граничниот премин Блато, на македонско-албанската граница, пропуштил разновидна прехранбена стока без декларација, сопственост на В. И. од Дебар, и овозможил стоката да ја премине царинската линија со избегнување царинска контрола и без наплата на увозни давачки.
Со тоа му овозможил на В. И. да стекне противправна имотна корист во износ од 468.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Управувал мопед со 2,14 промила алкохол во крвта: уапсен гостиварец

Вчера во 14.58 часот на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.С.(68) од Гостивар.
Тој управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Ја претепал сопругата во ноќен клуб: уапсен охриѓанец

Утрово во 09.15 часот, од слобода е лишен С.Г.(35) од Охрид.
Тој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга.
Полицијата соопшти дека против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Мотоциклист усмрти пешак во Скопје

Седумдесет и двегодишен пешак загина во сообраќајна несреќа во Скопје. Во него удрил мотоциклист кој е уапсен.
Според информациите на МВР, вчера околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски национални ознаки, управуван од М.О.(22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г.(72) од Скопје.
Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител возачот е приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.