Европа
„Еспресо“: Суспендирани петмина вработени во Ватикан
Италијанското списание „Еспресо“ денеска објави дека по извршениот полициски претрес, суспендирани се петмина вработени во Ватикан вклучувајќи го и вториот по ранг во ватиканската Управа за финансиски информации.
Списанието на својата веб-страница го објави полициското известување за чуварите на ватиканските порти да не им дозволат да влезат бидејќи биле суспендирани, пренесува „Ројтерс“.
„Еспресо“ со соопштението објави фотографии на петтемина вработени, меѓу кои и една жена.
Портпаролот на Ватикан изјави дека нема коментар за овој извештај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Кремљ: Многу земји сакаат да се приклучат на БРИКС, ние сакаме да се приклучи и Турција
Русија ја поздравува изразената желба на Турција да стане дел од групата БРИКС, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, најавувајќи дека ова прашање ќе биде тема на следниот состанок од тој формат.
Песков рече дека има посилен интерес од многу земји за БРИКС, група составена од Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка, Етиопија, Иран, Египет и Обединетите Арапски Емирати.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во понеделникот ја започна посетата на Пекинг, што е највисока посета на турски функционер на Кина од 2012 година. Фидан разговараше со неговиот кинески колега Ванг Ји.
Запрашан за време на панелот дали Турција сака да се приклучи на БРИКС, Фидан во понеделникот одговори „да се разбира, зошто да не?“.
Европа
Девојка се извлече без гребнатинка од страшна сообраќајна несреќа во Италија: „Ја спасија куферите, беше полн багажникот“
Во судирот, кој се случи во Ливорно кога германски државјанин удри во наплатна рампа, три лица загинаа, а неколку се повредени. Меѓу нив има и девојка, чиј живот, според зборовите на нејзиниот татко, го спасиле куферите во возилото.
Во сообраќајна несреќа што се случи на 2 јуни на автопат во Италија, во близина на Ливорно, загинаа три лица, а неколку се повредени.
Тешко повредените се уште се во болница, а таткото и мајката со ќерката од Австрија велат дека „ги спасило чудо“.
Таткото за италијанскиот весник Тирено вели дека се спасени само благодарение на насобраниот багаж.
„Чудо е што ќерка ми нема гребнатинка и покрај скршеното задно стакло“, рекол таткото.
„Застанав во редот на патарина, платив, почнав да возам, одеднаш нешто силно не удри. Ќерка ми беше на задното седиште, стаклата се искршија, но беше неповредена благодарение на полна багажникот и куферите“, објасни тој.
Многу тешка сообраќајна несреќа се случила кога 61-годишен маж, државјанин на Германија, наеднаш „полудел“ и свртел десно, насилно удирајќи во патарина во областа Ливорно.
Тој и неговата сопруга настрадале на лице место. Покрај нив, загина уште едно лице кое управувало автомобил Хонда.
Меѓу повредените има и две деца на една и шестгодишна возраст.
Европа
Холандија: Украина може да нападне цели во Русија со нашите борбени авиони
Министерката за одбрана на Холандија, Кајса Олонгрен, му порача на Киев слободно да ги користи борбените авиони „Ф-16“ што земјата има намера да ѝ ги донира на Украина за напади врз цели во Русија.
Имено, Холандија планира да испрати 24 борбени авиони „Ф-16“ во Киев.
Олонгрен во интервју за „Политико“ рече дека Холандија нема да воведе ограничувања за користење на авионите, како што е случајот со Белгија, каде што премиерот Александар де Кро го предупреди Киев да не ги користи нивните „Ф-16“ во рускиот воздушен простор.
„Нема ограничувања во белгиски стил. Кога ќе ги предадеме авионите на Украина, тие може да ги користат. Само бараме од нив да го почитуваат меѓународното право и правото на самоодбрана како што е наведено во Повелбата на ОН, што значи нивно користење за таргетирате воени цели за самоодбрана“, рече Олонгрен.
Олонгрен и американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, беа меѓу високите претставници што се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски на конференцијата во Сингапур во неделата. Олонгрен ќе се повлече од функцијата министер за одбрана откако новата екстремно десничарска влада ќе положи заклетва. Таа рече дека се надева оти новата влада ќе продолжи да ги поддржува НАТО и Украина.