Свет
Свршеницата на Кашоги бара правда: Сакам да знам што се случи со неговото тело
Во Истанбул беше одадена почит на саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој беше убиен во конзулатот на Саудиска Арабија пред една година. Неговата свршеница Хатиџе Ченгиз сè уште бара правда.
„Сакам да знам што се случи со неговото тело. Сакам неговите пријатели да бидат ослободени од затвор. Сакам оние што се на власт да бидат одговорни за своите постапки“, рекла Ченгиз.
Сопственикот на „Вашингтон пост“, каде што Кашоги објавуваше колумни, Џеф Безос, ѝ рекол дека никој никогаш не би требало да го преживее тоа што го претрпела таа.
„Токму тука, каде што сте сега, со часови чекоревте, чекоревте и чекавте. А тој никогаш не излезе“, ѝ рекол Безос алудирајќи на тоа дека Ченгиз дента кога нејзиниот свршеник бил убиен го чекала да излезе од конзулатот.
Принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, негираше дека е вмешан во убиството, но експерт на Обединетите нации побара тој да биде истражен. Во извештајот објавен во јуни, експертот го опиша убиството како „вонсудско убиство со предумисла“.
Мохамед бин Салман во неделата тврдеше дека тој лично не наредил Кашоги да биде убиен, но рече дека презема целосна одговорност како саудиски лидер.
Откако неколку недели по убиството негираше дека Кашоги бил убиен во конзулатот, Саудиска Арабија обвини 11 лица за убиството, вклучително и членови на придружбата на принцот Мохамед бин Салман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најден е урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Раиси
Спасувачки тим вечерва го пронашол урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Ебрахим Раиси, објави иранската државна телевизија.
Агенцијата ИРНА наведува дека е објавена точната локација каде се урнал хеликоптерот во областа меѓу Ардешир и Бразин во Варзеган.
Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси имал инцидент при слетувањето во Источен Азербејџан.
Областа е карпеста, маглива и врнежлива, а овие услови многу ја отежнаа потрагата.
Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси денес доживеа „тешко слетување“.
Свет
Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците, се обрати Хилари Клинтон
Илјадници активисти се собраа во центарот на Тел Авив барајќи предвремени избори и итен договор за ослободување на израелските заложници во Појасот Газа, а поранешната американска секретарка Хилари Клинтон им се обрати на демонстрантите преку видео врска. Треба да преземете итна акција за да ги вратите дома“, рече Клинтон, пренесува Танјуг.
Амбасадорот на САД во Израел, Џек Лу, рекол дека САД ги продолжуваат преговорите за враќање на заложниците, пишува The Times of Israel. Демонстрантите го блокираа автопатот Ајалон и запалија огнови, барајќи итен договор за ослободување на заложниците од Газа.
Бидејќи демонстрантите одбија да се разотидат по завршувањето на одобрениот митинг, полицијата го прогласи протестот за незаконски и интервенираше за деблокирање на автопатот.Полицијата соопшти дека уапсила осомничен за нарушување на редот на антивладините протести во Тел Авив.
Околу 200 демонстранти излегоа на одделни протести во Ерусалим, кои се одржаа во близина на Кнесетот.
Регион
Поставен рекорд во центарот на Белград: 1.000 гитаристи свиреа истовремено
Концертот на Guitar Art денеска собра 1.000 гитаристи на Трг Република во Белград, кои поставија национален рекорд во присуство на инструменталисти кои свират на гитара и слични инструменти на едно место во Србија свирејќи во рокенрол прослава со познати музичари, пренесе српска „Политика“.
Концертот „1.000 гитари“ ги привлече пред се во центарот на Белград најмладите гитаристи и нивните учители, но заедно свиреа цели семејства, составени од три генерации: дедо, татко и син…
Имаше мајки и ќерки кои „замавнаа“ со белградскиот блуз квартет и специјалните гости на концертот, меѓу кои Дејан Цукиќ, Ју групата, Кики Лесендриќ и Пилотите, Срѓан Гојковиќ Гиле, Бојана Стаменов, Никола Чутурило – Чутура. „Ова е конечно моментот кога барем на еден час ги заменуваме силиконите за витамини на Трг Република. Ова е сеќавање на мојата младост и почетоци во рокенролот. Среќен сум“, изјави Никола Чутурило Чутура за Танјуг.
За неколку минути неколку илјади љубопитни луѓе се собраа на Трг Република да уживаат во првокласен музички настан.