Свет
Трамп ја деблокирал помошта за Украина кога сенаторите го замолиле

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во средата изјави дека ја деблокирал воената помош за Украина, само затоа што американскиот сенатор Роб Портман од Охајо и другите законодавци го побарале тоа од него, пренесува ТАСС.
„Всушност, Роб Портман ме поддржа, а никој не е почесен од Роб Портман од Охајо. Побара: „Те молам, пушти ги парите“, рече Трамп. „Дадов пари затоа што Роб Портман и другите ми се јавија и ме замолија“, рече тој додавајќи дека европските земји треба да платат повеќе за да ѝ помогнат на Украина.
„Украина им помага на Европа и на европските земји многу повеќе отколку што тие ни помагаат. Таа е како ѕид меѓу Русија и Европа. Голем, широк, убав ѕид“, додаде тој.
Трамп рече дека една од причините за неподготвеноста да испрати финансиска помош во Украина е корупцијата во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Авион се урна на Флорида, тројца загинати

Мал авион се урна на автопат во Бока Ратон, Флорида, при што загинаа три лица, јавија локалните медиуми.
Пилотот на Цесна 310Р пријавил „механички проблеми“ при обидот да слета на аеродромот. Податоците за летот покажуваат дека авионот кружел неколку пати набргу по полетувањето од аеродромот Бока Ратон.
Tragic Crash in Florida! A Cessna 310R (N8930N) crashed in Boca Raton at ~10AM, en route to Tallahassee. Three were aboard the twin-engine plane, which hit near Military Trail, sparking fires. Video shows grim wreckage—survival unclear. #AviationSafety #BocaRaton pic.twitter.com/XGaT2ibamO
— Fahad Naim (@Fahadnaimb) April 11, 2025
Локалната полиција ги повика граѓаните „да ја избегнуваат областа“, затворени се два автопати и надвозник во близина на местото на несреќата. На патот, како и на блиската железничка пруга имало расфрлани делови од авионот.
Свет
Застрашувачки вирус ги затвора границите на Европа со страв дека може да биде „биолошки напад“

Шап и лигавка, која не е откриена во Унгарија повеќе од половина век, се појави во земјата, принудувајќи ги соседните Австрија и Словачка да ги затворат своите граници, објави „Мирор“. Вирусот се шири во Европа, а постојат стравувања дека можеби станува збор за „биолошки напад“.
Илјадници грла добиток се колат по појавата на шап и лигавка во Унгарија – прва во повеќе од 50 години. Како одговор, соседните Австрија и Словачка затворија десетици свои гранични премини за земјата, според Светската организација за здравје на животните.
Унгарскиот портпарол на владата, Гергели Гуљас, рече дека болеста, која првпат била откриена на фарма за добиток во близина на северозападната граница, можеби била „вештачки конструирана“.
Тој додаде дека не можат да исклучат дека вирусот е резултат на биолошки напад.
„Во оваа фаза, можеме да кажеме дека не се исклучува можноста вирусот да не е од природно потекло, можеби имаме работа со вештачки конструиран вирус“. Сепак, тој не даде информации за тоа кој би можел да биде одговорен.
Животинските власти прегледаа речиси 1.000 фарми низ Унгарија и открија позитивни резултати од шап и лигавка на четири локации.
Гуљас тврди дека сомнежот е заснован на информации добиени од странска лабораторија, а наодите сè уште не се целосно докажани.
Свет
Европската комисија планира итни мерки: Птичјиот грип се шири

Европската комисија планира следната недела да донесе итни мерки за да се запре ширењето на птичјиот грип во два региони во Полска, соопшти ЕК.
„Со оглед на големиот обем на епидемиите (во тие два региона), неопходно е да се донесат дополнителни итни мерки кои ќе се применат во тие области со висок ризик, зајакнувајќи ги мерките за превенција и контрола“, рече портпаролот на ЕК во соопштение.
Според него, ЕК треба да ги донесе мерките следната недела. Преземањето на овие превентивни чекори е насочено кон заштита на полската живинарска индустрија, рече портпаролот на ЕК.
Тој не прецизираше што ќе вклучуваат вонредните мерки, но рече дека тие биле разговарани со националните и регионалните власти, кои се согласиле со нив.