Свет
ЕУ може да му нареди на „Фејсбук“ да отстрани говор на омраза, дури и надвор од Европа
„Фејсбук“ мора да ги исполни барањата на земјите од ЕУ да отстранат содржини што се сметаат за нелегални, дури и ако материјалот не спаѓа во нивна надлежност, пресуди Европскиот суд на правдата. Оваа одлука може да ја поткопа слободата на говорот на интернет, пренесува РТ.
Европскиот суд на правдата, највисокиот суд во ЕУ, вели дека поединечна земја може да му нареди на „Фејсбук“ да отстрани објави, фотографии и видеа, па дури и да го ограничи пристапот до овие материјали за луѓето во светот. Според судот со седиште во Луксембург, националниот суд на која било земја од ЕУ има право да му наложи на гигантот на социјалните мрежи да отстрани објави што се сметаат за клевета во регионите надвор од неговата јурисдикција.
Пресудата го поддржува необврзувачкото мислење од советникот на ЕСП од јуни за кое „Фејсбук“ тврди дека го поткопува долгогодишниот принцип, според кој една земја не треба да има право да го ограничува слободното изразување во други земји.
Првичното мислење дојде кога австриската Партија на зелените го тужеше „Фејсбук“ барајќи од платформата да ја избрише клеветничката содржина објавена од корисник, како и копиите од истиот материјал. Жалбата беше доставена до ЕСП од Врховниот суд на Австрија. Политичарката Ева Главишниг-Пјешек тврдеше дека „Фејсбук“ спречува содржините да се гледаат во целиот свет.
Ова е втора голема одлука на ЕСП во последните неколку месеци во врска со слободата на изразување на интернет. Во септември судот рече дека „Гугл“ треба да ги отстрани листинзите со резултати од пребарување на страниците што содржат штетни или лажни информации за некоја личност. Како резултат на тоа „Гугл“ имплементира функција што ги спречува европските корисници да може да ги гледаат избришаните линкови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

