Свет
Р. Кели вторпат одбиен за ослободување со кауција

Р. Кели ќе биде повикан на второ судење по обвинението за сексуално малтретирање. Судењето е закажано за мај 2020 во Њујорк.
Пејачот, кој има 52 години, е обвинет за регрутирање малолетни девојки, како и жени, што ги присилувал на сексуални односи, ги изолирал од јавноста и ги контролирал во сè што прават, како и кога јадат и кога одат во тоалет.
Против Кели се поднесени неколку обвниенија за сексуално малтретирање во САД. Р. Кели постојано ги негира овие тврдења, а веќе вторпат му е одбиено барањето за ослободување со кауција.
Пејачот беше уапсен во Чикаго во јули кога беше обвинет за трговија со секс-робинки и детска порнографија.
Во последните 20 години Р. Кели, чие вистинско име е Роберт Кели, беше обвинет за многубројни сексуални напади. Тој се изјасни како невин на повеќе од 20 обвниненија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Левицата победи во Норвешка: историски резултат за десничарските популисти

Левицата, предводена од премиерот Јонас Гар Сторе од Лабуристичката партија, ќе остане на власт во Норвешка откако победи на парламентарните избори обележани со подемот на популистичката десница, која го постигна својот најдобар резултат во својата историја.
По изборите фокусирани на локални прашања, но под влијание и на геополитичките турбуленции, со речиси сите преброени гласови, се очекува левичарскиот блок да освои тесно мнозинство од 87 од 169 места во Парламентот.
„Знаевме дека ќе биде тесно и беше. Знаевме дека мора да дадеме се од себе и дадовме се од себе. И го направивме тоа“, им рече Сторе на поддржувачите.
На власт од 2021 година, 65-годишниот премиер освои нов четиригодишен мандат, најверојатно на чело на малцинска влада.
Со речиси 28 проценти од гласовите, неговата Лабуристичка партија ќе мора да ги здружи силите со сите други левичарски партии со кои има бројни несогласувања.
фото: принтскрин
Свет
Португалскиот премиер ја повика Кина да ги искористи врските со Русија за мир во Украина

Португалскиот премиер Луис Монтенегро се сретна со кинескиот претседател Кси Џинпинг денеска во Пекинг, повикувајќи го да ги искористи блиските врски на неговата земја со Русија за да се заложи за „праведен и одржлив мир“ во Украина.
Средбата се случи само неколку дена по воената парада во кинескиот главен град каде што Кси, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин беа во центарот на вниманието, претставувајќи го она што шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, го нарече „автократски сојуз“.
Кинескиот претседател рече дека втората по големина економија во светот е подготвена да ги зајакне своите стратешки врски со Португалија.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во Атина, соопшти Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) ја процени јачината на 5,2 степени.
Земјотресот се случил околу 30 минути по полноќ по локално време, а епицентарот бил во морето 45 километри североисточно од грчката престолнина и 4 километри од брегот на Неа Стира на југозапад од Евија, вториот по големина остров во Грција.
2/#Greece #σεισμός #sismo #deprem https://t.co/UkYhUkNJG3
— GeoTechWar (@geotechwar) September 9, 2025
Според грчките медиуми, засега нема вести за евентуални жртви или штети. Градоначалникот на Маратон, Стергиос Циркас, изјави за телевизијата ЕРТ дека земјотресот бил многу силен и додаде дека засега нема вести за штети.
Грција се наоѓа на неколку геолошки раседи и често е погодена од земјотреси. Во мај, земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди островот Крит и беше почувствуван дури до Египет и грчкиот главен град, додека во јануари и февруари беше регистрирана силна сеизмичка активност во областа на островот Санторини во Егејското Море.