Црна хроника
Украдени пари и накит во вредност од 100.000 евра во Куманово
Жител на Куманово пријавил во локалната полиција дека во неговиот стан во четвртокот била извршена кражба при што се украдени пари и накит во вредност од околу 100.000 евра.
Како што соопшти во петокот кумановската полиција, Н.С.(64) од Куманово пријавил дека во неговиот стан на ул. „Октомвриска Револуција“ непознат сторител со употреба на погоден алат извршил тешка кражба при што одзел сеф во кој имало 30.000 евра, разновиден златен накит и пиштол се во вкупна вредност од околу 100.000 евра. Се преземаат мерки за откривање на сторителот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.