Забава
Кромидот и лукот го намалуваат ризикот од карцином на дојката
Најновото научно истражување покажа дека јадењето кромид и лук може да го намали ризикот од карцином на дојката. Група професори од Универзитетот во Бафало и Универзитетот во Порторико спроведоа истражување за поврзнаноста меѓу употребата на кромид и лук и карциномот на дојката. На крајот на опсежната студија се појавија многу важни резултати, кои покажаа дека јадењето кромид и лук може да го намали ризикот од карцином на дојката дури 67 проценти.
Истражувачката Гаури Десаи им рече на новинарите дека во овој случај тие ставиле посебен фокус на Порторико бидејќи забележале дека има ниска стапка на рак на дојката.
„Порторико има помал процент на пациенти со карцином на дојка во споредба со Соединетите Американски Држави поради што беше важно да се истражи населението таму“, рече Десаи.
Таа објасни дека дошле до сознанија оти жените во Порторико јадат многу повеќе лук и кромид, во речиси сè, од обични јадења до специјалитети со ориз и грав. Претходните студии исто така покажаа дека кромидот и лукот имаат заштитни квалитети против ракот поради нивните антиоксидантни и ензимски својства, кои се борат против канцерот.
Студијата опфати 314 жени на возраст меѓу 30 и 79 години, кои имале карцином на дојката помеѓу 2008 и 2014 година, како и контролна група, составена од 346 учесници, кои никогаш немале карцином. Тие одговориле на прашањата во прашалникот откривајќи ги нивните навики во исхраната, вклучително и зачестеноста на јадењето лук и кромид.
„Кај жените што јаделе лук и кромид повеќе од еднаш во денот имало 67 отсто намалување на ризикот од карцином на дојката во споредба со оние што никогаш не го јаделе“, рече Десаи. Резултатите од истражувањето беа објавени и во научното списание „Исхраната и карциномот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Амбер Херд сподели ретки моменти од новиот живот во Шпанија по промената на името
Амбер Херд им даде на своите следбеници ретка прилика да погледнат во нејзиниот нов живот во Шпанија, каде што се пресели за да започне ново поглавје по исцрпувачката правна битка со поранешниот сопруг Џони Деп. Ѕвездата од „Аквамен“ го напушти Холивуд и најде нов дом во Мадрид, а во неодамнешната објава за Денот на благодарноста, таа даде поглед во својот секојдневен живот.
По завршувањето на нејзиното судење за клевета, кое резултираше со пресуда од 10,35 милиони долари за Деп и 2 милиони долари за Херд, актерката се пресели со својата ќерка прво на Мајорка, а потоа во Мадрид. Додека беше на Мајорка, „Ел Диарио де Мајорка“ објави дека наводно го користела името Марта Џејн Канари – вистинското име на легендарната американска хероина Каламити Џејн.
Откако се пресели, Херд во голема мера се држеше подалеку од центарот на вниманието, по нејзината последна филмска улога пред неколку години во „Аквамен и изгубеното кралство“. Сепак, таа неодамна сподели серија фотографии на социјалните мрежи од прославите за Денот на благодарноста низ годините, вклучувајќи и дел од нејзиното готвење.
„Здравица за Денот на благодарноста низ годините. Се навраќам на сите полни срца и чинии што ги споделив. Се надевам дека сте добро снабдени со обете оваа година“, напиша таа во објавата.
Херд повремено споделува делови од својот живот во Шпанија, како што се фотографии за Ноќта на вештерките, а претходно го најави доаѓањето на нејзините близнаци, Агнес и Оушн, на социјалните мрежи.
Актерката неодамна се врати на сцената, во претстава наречена „Духот на народот“. Претставата се прикажуваше неколку ноќи во Масачусетс, а драматургот Џереми О. Харис откри дека продукцијата била половина на шпански, што совршено ѝ одговарало на Херд, со оглед на тоа што таа течно го зборува јазикот.
Еден од нејзините соседи изјави за MailOnline дека Херд и нејзиното семејство се „целосно интегрирани во заедницата“ и живеат на место каде што „никој никого не вознемирува“. Иако папараците повремено се појавуваат пред нејзината куќа, повеќето локални жители не ја вознемируваат. Соседот додаде дека „никој овде навистина не знае која е таа“, истакнувајќи дека и познати фудбалери живеат во истата област и уживаат во својата приватност.
фото/инстаграм
Забава
(Фото) Шведска министерка го започна денот во Скопје со симит погача: „Енергичен појадок пред нејзината прва средба“
Министерката за европски прашања на Шведска, Јесика Розенкранц, која вчера и денес престојува во работна посета на Македонија, утрото го започна со симит погача.
„Започнување на денот во Скопје со локален специјалитет! Нашата министерка за ЕУ, Јесика Розенкранц, започна напорен ден со енергичен појадок пред нејзината прва средба со 🇲🇰 министерот за ЕУ, Муртезани, и МЕА. Солено „лепче во лепче“ – Симит погача, типично скопско пециво, и каде е подобро да се ужива во него отколку во срцето на главниот плоштад во градот, со поглед на еден од најзначајните погледи во градот: Камен мост, Тврдина Кале, Стара чаршија, Црква „Св. Димитрија“, Даут-пашин амам, Мустафа-пашина џамија. Сè во еден кадар – поглед што совршено ја раскажува приказната за богатото мултикултурно наследство на Скопско и живописното општество на Северна Македонија. 🇸🇪 + 🇲🇰 = Заедно посилни“, се вели во објавата на шведската амбасада на „Фејсбук“.
Забава
(Видео) Амбасадорката на САД во Грција се појави во проѕирен фустан, наиде на осуда
Новата амбасадорка на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, предизвика доста внимание со својот моден избор на вечерата за Денот на благодарноста што се одржа во Атина во вторникот.
Поранешната водителка на „Фокс њуз“ и поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот се појави во тесен, речиси проѕирен црн фустан од чипка, што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
US Ambassador in Athens sparks a stir with a sheer dress
The new US Ambassador to Greece, Kimberly Guilfoyle, became the unexpected star of a Thanksgiving event hosted by the American-Hellenic Chamber of Commerce. The focus wasn’t on her speech but on her outfit — a sheer… pic.twitter.com/XPmsi8yYXg
— NEXTA (@nexta_tv) November 27, 2025
Гилфојл (56) едвај се движеше во тесниот фустан, па дури и ѝ требаше помош за да се качи на сцената за да им се обрати на гостите. Нејзината облека многумина ја споредија со стилот на сестрите Кардашијан, сметајќи ја за несоодветна за дипломат.
„Ова е дипломатска грешка, таа ја претставува својата земја, а не своето тело“, „Ова ми е убаво“, „Потребен ѝ е стилист“, „Изгледа како изгубена сестра Кардашијан“, се само дел од коментарите на социјалната мрежа X.
фото/принтскрин

