Контакт

Вести

Советот за безбедност на ОН бара итен преки на огнот во Газа, борбите сопреа

Објавено пред

Советот за безбедност при Обединетите нации ноќта кон понеделникот на итно свиканата седница едногласно ја прифати декларацијата со којашто се повикува на моментален и безусловен прекин на огнот во палестинската енклава Појасот Газа каде во меѓувреме борбите престанаа со приближувањето на муслиманскиот празник Рамазански бајрам, а израелската армија официјално потврди дека ги сопира „активните дејствија“ во енклавата на неопределено време.

dobivaj vesti na viber

Петнаесетте земји членки на Советот за безбедност при ОН се состанаа на итното заседание во седиштето на светската организација во Њујорк и во изјавата изразија „целосен моментален и безусловен хуманитарен прекин на огнот кој ќе овозможи доставување на итната и неопходната помош“. Ги повикуваат Израел и палестинското исламистичко движење Хамас кое од 2007 година ја контролира енклавата Појасот Газа „целосно да го применат“ прекинот на огнот во текот на муслиманскито празник Рамазански бајрам со кој завршува месецот на постот за муслиманите „и по празниците“.

Советот за безбедност на ОН со споменатата изјава ги повикува страните „целосно да го почитуваат меѓународното хуманитарно право, во прв ред одредбите за заштита на цивилите“, како да „спроведат траен и целосно почитуван траен прекин на огнот врз основа на посредничката египетска иницијатива“. Со изјавата, исто така, се повикува и на доставување хуманитарна помош на палестинското население во Појасот Газа, како и на зголемување на помошта за UNRWA, агенцијата на ОН за палестинските бегалци.

Три дена по крвавото бомбардирање на едни училиште на ОН во Газа во кое загинаа дваесетина луѓе од кои барем половината деца, Советот за безбедност „истакнува дека цивилните и хуманитарни институции, меѓу кои се и оние на ОН, мора да бидат почитувани и заштитени, и исто така се повикуваат сите страни да се придржуваат до тоа начело“. Израелската армија ка отфрла одговорноста за нападот врз училиштето во Беит Ханин во четвртокот.

„Претседателската декларација (на Советот за безбедност на ОН) ги повика сите страни и меѓународната заедница да постигнат глобален мир“ на Блискиот исток, заснован на решението за двете држави, израелска и палестинска, кои мирно живеат една крај друга.

Американскиот претседател Барак Обама во неделата доцна навечер лично интервенираше барајќи од израелскиот сојузник да прифати „безусловен и моментален“ прекин на огнот со Хамас во Појасот Газа, каде што според агенциските извештаи опаѓа интензитетот на борбите со приближувањето на празникот.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун повика да биде продолжен 12-часовнито хуманитарен прекин на огнот прогласен во саботата.

Од почетокот на израелската офанзива „Линија на одбраната“ во Појасот Газа на 8-ми јули, чијашто цел е сопирање на ракетирањата на Хамас врз јужните и централните области на Израел, како и уништување на подземните тунели и инфраструктурата на исламистичкото движење, загинаа над 1.060 Палестинци, од кои повеќето се цивили, како и 43 израелски војници и тројца цивили.

Агенцијата AFP, повикувајќи се на портпаролот на израелската армија, пренесува дека ниедна ракета не е истрелана од Појасот Газа кон израелските територии, како да ниту Израел извел напад од 23 часот во неделата по локално време.

Во понеделникот претпладне Војската за одбрана на Израел официјално го потврди стопирањето на активностите во Појасот Газа на неопределено време. Новиот формат на операцијата претпоставува само реагирање на секој палестински напад, а исто така и ограничување на трагањето и уништување на палестинските подземни тунели кои излегуваат дури на израелска територија.

„Армијата ги сопира сите активни дејствија во Појасот Газа. Работата за ликвидација на тунелите продолжува. На секој обид за агресија ќе биде одговорено“, изјави за РИА Новости портпаролката на израелските сили. Соговорничката на агенцијата прецизирала дека рокот на прекинот огнот не е временски определен.

Сепак, израелски воени извори изјавиле дека во понеделникот претпладне е регистрирани само еден случај на ракетирање од палестинските позиции, на кои имало соодветно дејствување на израелската армија, што биле досега единствените воени дејствија. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ11 часа

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ12 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија13 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија15 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија15 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ16 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија18 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија18 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија19 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ19 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ20 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија21 час

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион21 час

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет22 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа23 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион24 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија24 часа

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија1 ден

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ1 ден

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...