Црна хроника
Еден повреден при судир на возило и автобус кај Арачиново
Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 12.55 часот на регионалниот пат Скопје – Куманово кај селото Арачиново. Сообраќајната несреќа се случила меѓу возило „фолксваген бора“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н. В., и автобус „ман“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С. Н.
Во незгодата тешки телесни повреди добил сопатникот од возилото М. В., кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во Сопиште пронајден скопјанец пријавен дека се оддалечил од здравствена установа во Карпош
Вчера во 17.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на село Сопиште, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го пронашле 38-годишниот Ј.Т. од Скопје, извести МВР.
Лицето на 30.04.2024 било пријавено дека се оддалечило од здравствена установа на подрачјето на Карпош, додаваат од МВР.
Црна хроника
Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета
Денеска во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото, извести МВР.
Не е причинета штета на капијата, ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.
Црна хроника
Жена нападната од сопругот во скопски Аеродром, полицијата го расчистува случајот
Вчера во 19.45 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15.30 часот на работното место, во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг, 39-годишниот И.Ц. од Скопје, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.