Македонија
Министерството за правда: Косово не одговара на барањата за екстрадиција на осомничените во „Монструм“
Министерството за правда испрати официјално соопштение со цел детаљно да ја информира јавноста за постапката за екстрадиција на двајцата осомничени во случајот „Монструм“, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.
Од таму уверуваат дека ги користат сите напори двајцата бегалци од правдата да ги донесат во земјата притоа користејќи ги сите законски можности, но и билателарниот договор со Косово.
„Првото барање за екстрадиција на лицата е испратено во март 2013 година. На 22 јануари 2016 година Апелацискиот суд на Република Косово го одбива првото барање за екстрадиција. Кога беше комплетиран предметот повторно, од страна на министерката Дескоска беше испратено новото барање за екстрадиција, кое во Министерството за правда на Косово го имаат примено на 5 септември 2018 година. Во новото барање детаљно се образложени сите точки што беа истакнати во претходно одбиено барање за екстрадиција. Од поднесувањето на барањето за екстрадиција до денес, Министерството за правда нема добиено никаков одговор од косовското Министерство“, се наведува во соопштението.
Во него се додава дека на македонското Министерство му преостанува единствено да испраќа ургенции и да бара од надлежните косовски власти да се произнесат.
„Вакви ургенции имаме пратено во два наврата, и тоа на 26 февруари 2019 година, а последната ургенција е испратена на 3 јули оваа годинава“, образложуваат од Министерството.
Додаваат дека очекуваат косовските власти да постапат по овие ургенции, а лицата да бидат екстрадирани и изнесени пред лицето на правдата.
Од Министерството за правда информираат и дека министерката Дескоска ќе се сретне со семејствата на жртвите во случајот „Монструм“ и детаљно ќе ги информира за преземените дејства за екстрадиција на лицата од Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

