Регион
Над 150 мигранти пронајдени во Грција за неколку часа
Најмалку 150 бегалци и мигранти биле пронајдени и спасени од полноќ до рано утрово во морски води на грчка територија.
Грчката крајбрежна служба соопшти дека брод на Фронтекс интервенирал во спасување 30 лица, кои во два одвоени случаја со три чамци биле забележани во близина на островот Кос.
Во првиот случај биле спасени девет бегалци и мигранти, во вториот 21 распределени во два чамца, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, на островот од полноќ до рано утрово пристигнале вкупно шест чамци со 57 бегалци и мигранти.
Истовремено, на островот Фармакониси, што исто како и Кос се наоѓа во близина на турското крајбрежје, пристигнале 40 лица.
Според АНА-МПА, во морскиот дел југозападно од Пелопонез во брод биле откриени 60-ина мигранти и бегалци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Вучиќ: Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи објави видео со порака:
„Јас живеам за Србија. Дали ме сакаат или не, резултатите кажуваат сè“, вели тој.
View this post on Instagram
„Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја. Србија реално ги има највисоките плати во својата историја. Србија реално ги има највисоките пензии во својата историја. Србија ја изгради својата патна и железничка инфраструктура како никогаш досега во својата историја. Дали е сето тоа точно, Србија ја изгради својата научна и технолошка инфраструктура, Србија никогаш во својата историја не давала толку пари како што дава денеска за земјоделството. И тоа е наследство од мојата политика, му се допаѓало тоа некому или не. Тоа се резултатите, сакале вие тоа да го признаете или не“, вели Вучиќ.
Регион
Во грчките пристаништа ветерот го запре поморскиот сообраќај – транспортот до многу острови е невозможен
Поморскиот сообраќај во многу пристаништа во Грција е во прекин поради силниот ветер.
Според грчката државна телевизија ЕРТ, поради силните ветрови на Егејското Море, воведена е забрана за пловидба во многу пристаништа, меѓу кои Пиреја, Лаврио, Рафина, Волос и Кавала.
Поради забраната, значително е во прекин поморскиот сообраќај во целата земја, а транспортот до многу острови во моментот не е можен, пренесуваат медиумите.
Според податоците на грчката метеоролошка служба, се проценува дека брзината на ветерот во регионот денеска ќе се зголеми, што значи дека би можел да достигне ниво на брзина на урагански ветер од 89 до 102 километра на час.
Регион
Во Црна Гора во тек е полициска акција против тутунската мафија
Во Црна Гора се презема акција против тутунската мафија.
Акцијата е иницирана од Специјалното полициско одделение по наредба на Специјалното државно обвинителство (СДТ), пренесуваат локални медиуми.
Акцијата е со цел да се спречи шверцот на цигари преку пристаништето Бар, според порталот РТЦГ.
Станува збор за континуирана акција против нелегалната трговија со цигари.
Повеќе детали за акцијата засега не се познати.