Црна хроника
Тешка сообраќајка на автопатот „Пријателство“, тројца повредени

Во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на автопатот „Пријателство“, помеѓу „БМВ“ и „Пежо“, три лица се тешко повредени.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачите на двете возила и еден сопатник. Едно лице е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а две во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се бара притвор за четири лица кои краделе од објект на Железници во Скопје

Скопското обвинителство поведе постапка против четири лица кои извршиле вкупно 4, а се обиделе да извршат уште една тешка кражба од објект на Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура – Скопје на булеварот „Србија“.
Од почетокот на месецов, во четири наврати, со физичка сила и алат го кршеле катанецот со кој била затворена капијата на објектот, а потоа влегувале внатре и одземале машини и други предмети во вкупна вредност од 1.239.000 денари.
Потоа, уште еднаш на 14 април, двајца од нив дошле пред објектот, ја обиле металната капија и се обиделе да одземат парчиња лим, но биле забележани и задржани на лице место од вработените.
За сите нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Водоводџија почина во куќа во Карпош додека вршел поправки

Седумдесет и шестгодишниот водоводџија М.Т. од Скопје почина во куќа во Карпош додека извршувал поправки.
Лекар од Итната медицинска помош констатира смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пожар во угостителски објект во Центар

Денеска околу 03 часот во полицијата било пријавено дека бил опожарен угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје.
„Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, информираа од МВР.
Извршен бил увид.