Македонија
(Видео) Заев: Ја очекуваме добрата вест дека протоколот ќе се ратификува и во САД
Оваа посета е силен сигнал за континуираната поддршка на САД за нашата земја, за нашите евро-атлантски интеграции и убава прилика уште еднаш да потврдиме дека продолжуваме да работиме заедно на понатамошно продлабочување на нашите односи и соработка, порача премиерот Заев обраќајќи се кон државниот секретар на САД, Мајк Помпео, кој е во еднодневна посета на земјава.
„Северна Македонија е посветен стратешки партнер на САД. Имаме силни политички и историски причини да го одржуваме и зајакнуваме нашето пријателство. Дел од нив се нашите заеднички заложби и вредности за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот, како и заедничките активности во борбата против тероризмот и против другите закани за мирот ширум светот. На господинот Помпео му предочив дека сме подготвени со уште посилно темпо да учествуваме во сите глобални иницијативи кои се конфронтираат на дезинформациите и на заканите по демократијата.
Со нашето полноправно членство во НАТО, нашиот придонес во таа насока ќе добие силен поттик и нова димензија. Членството во НАТО е наша суверена одлука, за која има силна натпартиска поддршка и меѓуетнички консензус. Тоа е за нас постигнување на една историска цел. Голема придобивка не само за нашата земја, туку и за зајакнување на безбедноста, слободата и демократскиот просперитет во целиот регион.
Досега Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО го ратификуваа 22 земји и ние со оптимизам очекуваме полноправно членство во НАТО во блиска иднина. Сакам да се заблагодарам на САД за недвосмислената, двопартиска поддршка за нашето членство во НАТО. За брзо ја очекуваме добрата вест дека протоколот ќе се ратификува и во САД.
Во меѓувреме целосно сме подготвени да ги прифатиме обврските за членство во НАТО. Имаме силна политичка волја буџетот за армијата да биде најмалку 2% од БДП и тоа не подоцна од 2024 година. Тие средства ќе се употребат за модернизација на нашата армија и за зајакнување на нашите капацитети и можности да придонесуваме во НАТО.
За време на нашата средба имав прилика да го информирам господиниот Помпео за нашите остварувања со кои ја ослободивме заробената држава. Поставивме нови темели и ги зајакнавме демократските вредности, институциите и правната држава. Слободата на медиумите е значително подобрена, и развиваме инклузивен процес на носење одлуки. Градиме едно општество за сите, мозаик од различности во кој нашиот фокус е ставен на економијата која овозможува шанса за подобар живот на сите граѓани.
Северна Македонија е уникатна земја во регионот затоа што нема отворени билатерални прашања со ниту еден сосед. Договорите со Бугарија и Грција беа историски одлуки и пресудни чекори за остварување на нашите стратешки цели – членството во НАТО и ЕУ.
За десетина дена ја очекуваме долгоочекуваната вест од Брисел – отворање на преговори за членство во ЕУ.
Верувам дека добрата вест од Брисел ќе влијае позитивно на целиот регион. Ќе биде испратена порака дека Западниот Балкан е интегрален дел од Европа. Ќе биде награден напредокот на реформите и решавањето на тешките проблеми. Тоа ќе ги охрабри другите земји да покажат политичка храброст за надминување на останатите проблеми. Добрите вести за почеток на преговорите со ЕУ и за членството во НАТО се силна порака и за младите од нашата земја: Северна Македонија се менува кон подобро – овде може да се живее добро, а развојот ќе биде побрз само ако младите се ангажирани, тука во својата земја.
За крај, сакам да нагласам дека стабилен балкански регион е од интерес за ЕУ: геополитички, безбедносно и економски. И во овој контекст, оваа посета и охрабрувањето од САД е од огромно значење за нас“ рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

