Спорт
Се подготвува трампа кај „петлите“ – Модриќ на местото на Ериксен?
Фудбалерите на Тотенхем се наоѓаат во голема резултатска криза, а потврда за тоа е и преубедливиот пораз со 2-7 од Баерн Минхен во ЛШ. На поразот му претходеле несогласување меѓу фудбалерите, кои кулминираа со аферата меѓу Вертонген и Ериксен (наводно Вертонген спиел со сопругата на колегата).
Судбината на Кристијан Ериксен беше една од главните теми во текот на преониот рок, сепак на крај Данецот остана во Тотенхем. Реал Мадрид се споменуваше како следна дестинација за фудбалерот од средниот ред.
Шпанските медиуми пишуваа за можна трампа меѓу двата клуба.
Хрватот Лука Модриќ ја одработува последната година од договорот со Реал, па наводно тој би можел да се врати кај „петлите“, а Ериксен да замине кон Мадрид.
Модриќ 4 сезони играше на „Вајт Харт Лејн“.
[@EldesMarque] | Tottenham Hotspur have now been offered former Spurs player Luka Modric by Real Madrid president Florentino Pérez in a swap for Christian Eriksen.
Eriksen and Modric are free agents in the summer with the clubs keen to avoid losing the duo for free.#THFC #COYS pic.twitter.com/UaZS4vKQY4
— Ricky Sacks ? (@RickSpur) October 4, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флорентино Перез не се откажува: Суперлигата ќе ја врати големината на фудбалот
Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез денеска одржа говор на Генералното собрание на клубот, каде уште еднаш ги нападна УЕФА, ФИФА, Лигата на шампионите и најави заживување на идејата за фудбалска Супер лига. Реал повторно влегива во отворена „војна“ со двете најголеми фудбалски организации, најмногу поради неуспехот, така барем смета Перез, во доделувањето на Златната топка. Реал смета дека престижната награда требаше да му припадне на Винисиус Жуниор, а не на Родри од Манчестер сити.
За почеток, Перез рече дека новиот формат на Лигата на шампионите е безвреден.
„Новиот формат на Лигата на шампионите е неправеден, никој не го разбира. Има повеќе натпревари, а вредноста на секоја е намалена за 30 проценти. Повеќе натпревари, но безвредни натпревари. Ова е натпреварување кое предизвикува возбуда само на крајот, а не од почетокот“, рече Флорентино.
Претседателот на Реал уште еднаш ја врати во етерот темата за Суперлигата.
„Пооптимист сум од било кога! Европскиот суд донесе историска одлука, која ќе се изучува на универзитетите. Монополот на УЕФА заврши. Никогаш не рековме дека ќе биде лесно. Ова е нешто огромно, со сите притисоци и закани што доаѓаат со него. Горди сме што се бориме за Суперлигата. Сакаме да ја вратиме величината на фудбалот. Овој сегашен систем не функционира, а моментот е критичен. А22, компанијата која раководи со проектот на Суперлигата, сè уште разговара со клубовите и работи на идејата“.
Флорентино Перез многу јасно објасни што го мачи.
„Покрај проблемот со календарот, никој не е заинтересиран да приреди добро шоу. За 122 години фудбал, англиските клубови ни гостувале само 22 пати. Видете, Арсенал еднаш ни гостуваше во последните 16 години, Манчестер јунајтед еднаш. Додека за тоа време, Надал и Федерер играа еден против друг повеќе од 100 пати (всушност 40 пати). Насоката во која одиме не е добра”.
Потоа критиките ги насочи и кон Светската куќа на фудбалот, ФИФА.
„ФИФА го зголеми бројот на измени, а УЕФА го зголеми бројот на натпревари на турнирите, а исто така започна и ново натпреварување како што е Светското клупско првенство. Пред десет години организираа 488 натпревари, а сега 760. Само за да заработат повеќе. Никој не мисли на играчите. На пример, Белингем има 251 одигран натпревар на 21-годишна возраст. На негова возраст, Бекам одигра само 54. Физичкиот и психичкиот притисок врз играчите е непропорционален. Немаат простор или време за одмор. Ризикот од повреди е зголемен“.
Флорентино продолжи во истиот правец.
„Оваа сезона Реал може да одигра повеќе од 82 натпревари! Веќе имавме девет повреди на лигаментите на коленото. Специјалистите велат дека причина е заморот. „Натпреварите почнуваат се подоцна и подоцна, што дополнително го скратува времето за одмор и опоравување на фудбалерите“.
За крај упати критики и до шпанската лига.
„Жалиме што нема транспарентност. Изненадени сме како Лигата ја оправдува распределбата на пари на клубови и медиуми. Сметаме дека тоа е причината поради која дел од медиумите постојано не напаѓаат. Загрижени сме што Лигата ја напаѓа нашата економска вредност. Сакаат да ни ја одземат сопственоста на правата, кои им припаѓаат на клубовите“, грмеше Флорентино Перез.
Спорт
Ферстапен во солзи му се заблагодари на тимот
Четврта година по ред, Макс Ферстапен е светски шампион во Формула 1. Ја одбрани титулата на две трки пред крајот на Големата награда на Лас Вегас, каде што не смееше да освои два бода помалку од единствениот преостанат натпреварувач, Ландо Норис, а со петтото место освои бод повеќе и ја зголеми предноста на недостижни 63 бода.
„О Боже каква сезона… Четири пати! Фала на сите. Беше малку потешко од лани, но ја извлеков сезоната, дадов се од себе“, порача Ферстапен низ солзи преку тимското радио.
Неколку моменти подоцна беше снимено неговото обраќање до неговиот тим Ред Бул.
“Не мислев дека ова е можно, но го направив тоа благодарение на вас. Фала уште еднаш”, рече тој.
Ферстапен се израмни со Алан Прост и Себастијан Фетел со четвртата шампионска титула, а пред него се само Михаел Шумахер и Луис Хамилтон со по седум титули и легендарниот Хуан Мануел Фанџо со пет.
Спорт
Ни смешно, ни културно: Објавувата на Црвена звезда е под нивото на сериозен клуб
Манчестер сити вчера претрпе пораз од 0:4 од Тотенхем во Премиер лигата, што во беше знак за администраторите на фудбалскиот клуб Црвена звезда на социјалните мрежи да се потсмеваат со клубот кој во последните четири години го освојуваше англискиот шампионат.
Тимот на Пеп Гвардиола е во серија од пет последователни порази, што никогаше не му се случило на трофејниот шпански стручњак.
Во Звезда решија да го коментираат ова со скриншот од таа серија неуспеси на фотографија со две бебиња, од кои насмеаното е претставено како српскиот, а она што плаче како англиски клуб.
Hard times, my friend. @ManCity
🔴⚪️ #fkcz pic.twitter.com/yLYCurpVzO
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) November 23, 2024
„Новиот пораз на Манчестер сити донесе непотребна и многу одвратна реакција на официјалниот профил на социјалната мрежа „Х“ на ФК Црвена звезда. ПР-секторот на српскиот шампион се обиде да биде хумористичен, но во основа му предизвика срам на клубот“, пишува српското издание на „Спорт Клуб“.
Hi @realmadrid, we may have lost, but we scored two goals. 👋
🔴⚪️ #fkcz pic.twitter.com/QXG3xEizAS
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) November 7, 2024
„Црвена звезда со порака: „Тешки времиња, пријателе“ и исмејувајќи ја серијата порази на Манчестер сити, неиспровоцирано реагираше на резултатите на клубот со кој се сретнаа во Лигата на шампионите минатата сезона“, се додава, потсетувајќи дека белградскиот клуб во минатото го исмеваше и Реал Мадрид и истакнува: дека „се поставува прашањето дали Црвена звезда има намера од сериозен професионален клуб да премине во статус на „кловн“ кој ќе привлече внимание со објави на социјалните мрежи“.