Македонија
Спасовски: Достигнувањето на целите на Глобалниот пакт за бегалци е обврска на целата меѓународна заедница

Фактот што денес приближно 71 милион луѓе се присилно раселени низ светот, која е впрочем најголемата бројка досега, е доволен аларм што треба да ја мобилизира целата меѓународна заедница во потрага по конкретни и квалитетни решенија во сферата на миграциите. Згора на ова, половината од речиси 26 милиони евидентирани бегалци се луѓе помлади од 18 години, што претставува особено ранлива категорија, изложена на разни ризици, вклучително и на трговија со луѓе и разни други форми на експлоатација, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето обраќање во Женева, Швајцарија, во рамки на Седумдесеттата сесија на Извршниот комитет на Програмата на високиот комесар за бегалци на ОН од сегментот за апатриди (без државјанства) при УНХЦР.
Спасовски нагласи дека усвоениот Глобален пакт за бегалци, како дел од меѓународните норми на заштита, е особено важен документ за обезбедување релевантна меѓународна помош за бегалците и дека достигнувањето на клучните цели утврдени во овој документ е обврска на целокупната меѓународна заедница.
„Владата на Република Северна Македонија неодамна го усвои Законот за ратификација на Конвенцијата за намалување на бездржавјанството, којшто е веќе во собраниска процедура. Ова прашање е високо на агендата на УНХЦР и на актуелниот генерален секретар на ООН, но истовремено е и приоритет за Владата на Република Северна Македонија, како дел од Акцискиот план за имплементација на Целите за одржлив развој и исполнувањето на фундаменталното начело – ‘не оставај никој зад себе’, од Агендата 2030“, потенцираше Спасовски.
Истакнувајќи ја континуираната поддршка од невладиниот сектор, како и од низа меѓународни организации и асоцијации, меѓу кои и УНХЦР, во справувањето со проблемите и процесите на регистрација на лица кои не поседуваат документи, министерот Спасовски подвлече дека: „Концептот ‘Едно општество за сите’ нема да го достигне замислениот успех ако дури само и едно лице во нашата држава е изоставено од институционалната грижа и останало без граѓански идентитет. Во доба на живеење кога секоја уличка може да се најде со помош на гигл-мапите, не смее да се дозволи на луѓето да им недостасува тој еден документ, којшто ги одвојува од другите, што им го ускратува пристапот до основната грижа и уживањето на фундаменталните права“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски – вечниот политичар без дела, со вечна желба за фотелја, реагира затоа што не беше дел од јахта забавата на Филипче и Заев

„Андреј Жерновски, познат по своите политички прескокнувања и вечна желба да биде „прв во партијата“, повторно се јавува како гласноговорник на СДС, очигледно туркајќи ја агендата за сопствена промоција и позиционирање за иден лидер на партијата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека го анализира ВМРО-ДПМНЕ и измислува анкети по нарачка на партиската кујна на Бихаќка, Жерновски молчи за вистинските скандали кои ја потресоа неговата партија – за јахтите на Заев и Филипче, за апетитите на нивниот олигархиски круг, за милионските тендери и провизии, за клиентелизмот кој ја потопи СДС.
Тој е дел од тажната група вечни политичари кои живеат удобен и комотен живот, а никој не може да се сети на ниту едно нивно конкретно дело или резултат. Политичка неконзистентност и лична амбиција тоа е неговиот единствен „капитал“.
Наместо да држи лекции за економија и политика, нека објасни како тој и неговите ментори ја доведоа Македонија до економски колапс, до историски одлив на млади луѓе и до ниво на корупција невидено во модерната историја.
Жерновски е симбол на политичари кои мислат само на својата фотелја, а секој негов напад врз ВМРО-ДПМНЕ е ништо повеќе од обид да се прикаже релевантен пред партиската база на СДС, во надеж дека еден ден ќе ја заземе лидерската позиција“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Жерновски.
Македонија
СДСМ: Рамковниот договор е важен документ за мирот, соживотот и градењето заедничка иднина

„Рамковниот договор е важен документ кој стави крај на конфликтот од 2001 година, воспостави мир и отвори поглавје на соживот во градењето заедничка иднина“, велат од СДСМ.
„Освен зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата, суштината на Рамковниот договор е издигнувањето над поделбите, меѓусебно помирување и отворање на вратите за заеднички напредок и еднакви можности на сите граѓани.
Сите политички чинители во земјава треба своите напори да ги вложат во политики коишто ги сплотуваат граѓаните, да работат заеднички за едно современо, демократско и интегрирано општество за сите“, соопшти СДСМ.