Македонија
(Видео) Филипче: Гевгелија добива апарат за рендген и компјутерски томограф
Претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче, синоќа учествуваше на граѓанската трибина ,,На прав пат” во Гевгелија. Пред присутните Филипче истакна дека и покрај руинираниот здравствен систем што зад себе го остави ВМРО-ДПМНЕ, денес здравството е на прав пат.
„Во изминативе две години решивме да инвестираме во медицинскиот кадар. Ги покачивме платите за 15 отсто за лекарите специјалисти и за 10 отсто за медицинскиот персонал. Нашата заложници е веќе следната лекарите специјалисти да добиваат месечен приход од 100.000 денари. А следниот месец по 10 години конечно ќе го зголемиме бодот за капитација за матичните лекари“, истакна Филипче.
Тој најави капитални инвестиции во здравството кои се од клучно значење за Гевгелија и регионот. Во следната година болницата во Гевгелија ќе добие нов апарат за рендген и компјутерски томограф за вие граѓаните да не мора веќе да патувате до Скопје или до Струмица, најави Филипче.
Преку одговорни политики, порача Филипче, решивме да го ставиме пациентот во центарот на здравствениот систем.
„Драго ми е што Гевгелија беше меѓу првите општини каде што беа укинати квотите за лекови во аптеките. Со тоа ставаме крај на редиците и турканиците на почетокот на месецот. Сега секој може да го добие својот лек во кој било ден од месецот, а истовремено градиме механизми против евентуални злоупотреби со лековите. Сигурен сум дека преку одговорните политики на прав пат сме да го зајакнеме здравствениот систем“ , порача Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

