Вести
Клинтон го обезбеди потребниот број делегати за претседателската номинација
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/1432024993.jpg)
Поранешната прва дама на САД и екс државна секретарка Хилари Родам Клинтон го обезбедила потребниот број делегати на партиската номинација на Демократската партија за американските претседателски избори на 8-ми ноември, објави на Twitter агенцијата Associated Press.
Поранешната прва дама на САД и екс државна секретарка Хилари Родам Клинтон го обезбедила потребниот број делегати на партиската номинација на Демократската партија за американските претседателски избори на 8-ми ноември, објави на Twitter агенцијата Associated Press.
Секоја држава доделува делегати според сопствени правила. Покрај различните форми на изборите – гласање на предизборите и конвенциите, постојат и различни правила во врска со начинот на кој треба да гласаат делегатите. Во некои држави гласот на делегатите може да не се совпаѓа со резултатите од внатрепартиските избори, па затоа голема важност се придава на пребројувањето на делегатите.
Aгенцијата AP се смета за најавторитетната во САД за ваквите пресметки, иако постојат и други системи, коишто даваат различни резултати. Како што покажаа и неодамнешните анкети, сложените американски изборни системи се тешко разбирливи и за тамошните гласачи.
„Пресметките на Associated Press на основ ана избраните делегати, добиени на прелиминарните внатрепартиски избори, како и од истражувањето на партиските извори, познати како суперделегати, покажува дека Клинтон ја добила поддршката од неопходните 2.383 делегати. Сега таа е фактички кандидат и формално ќе да добие номинацијата во јули на националната конвенција на Демократската партија во Филаделфија“, се вели во објавата на AP.
Анализите на AP се сметаат за референца, но не се официјални за номинирање на кандидатите.
Подоцна медиумските извештаи го коментираше главниот конкурент на Клинтон, сенаторот од сојузната држава Висконсин, Берни Сандерс, кој засега обезбеди поддршка на 1.567 делегати. Според него, новинарите избрзале и треба да го почекаат исходот од резултатите на партиската конвенција. Сенаторот повтори дека има намера да ја продолжи својата борба за Белата куќа.
Клинтон, со ова, ќе биде првата жена во историјата номинирана за претседателската должност од една од двете најголеми партии во САД. Таа веќе се кандидираше за партиската номинација на претседателските избори во 2007/2008 година, но ги загуби партиските предизбори од актуелниот претседател Барак Обама.
На американските претседателски избори на 8-ми ноември, според овие податоци, ривал на Хилари Клинтон ќе ѝ биде републиканскиот кандидат Доналд Трамп, кој претходно ја обезбеди партиската номинација./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.