Свет
Русија: Внимателно следиме сè што Америка прави во сферата на вооружувањето
Руските власти внимателно ги следат сите конструкторски иновации на кои работи Америка во сферата на вооружувањето, изјави за ТАСС портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков потсети дека токму научно-истражувачките работи на полето на создавањето ракети од среден дострел, кои ја кршеа поранешната Спогодба за укинување на ракетите од среден и краток дострел, беа причина за раскинување на тој договор многу важен од аспект на меѓународната безбедност.
Тој додаде дека Кремљ се плаши од нове рунда во трката за воружување, но истакна дека Русија нема да учествува во неа.
„Кремљ е загрижен поради новиот круг во трката за вооружување. Истовремено, сакам да ве потсетам на зборовите на претседателот Путин, кој рече дека Русија нема да биде вовлечена во таа потенцијална трка зашто веќе има план за години нанапред во сферата на технолошката супериорност за обезбедување на сигурноста на нашата земја“, заклучи Песков.
За потсетување, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД прават неверојатно ново оружје, меѓу кое и подморници од нова класа. Тој додаде и дека САД развиваат ново и го обвновуваат старото нуклеарно оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

