Свет
Патриотската партија на Турција протестира пред Амбасадата на САД во Анкара
Турската политичка партија Ватан (Патриотска партија) го собра своето членство пред американската амбасада во Анкара во знак на протест против заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја уништи турската економија ако Анкара направи нешто недозволиво при планираниот воен упад во северна Сирија, пренесува „Спутник“.
Во саботата турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека Анкара во наредните денови ќе почне воена операција во Сирија за да го расчисти граничното подрачје од терористи, да воспостави безбедна зона и да осигура безбедно враќање на милиони бегалци кои моментално живеат во Турција.
Белата куќа, од своја страна, доцна во неделата изјави дека американските сили нема да ја поддржат турската воена кампања и дека ќе се повлечат од областа.
Во 1970-тите, 1980-тите и 1990-тите години, Патриотската партија се викаше Работничка партија и имаше маоистичка и социјалистичка идеолошка определеност. Во 2000-тите, сепак, нивната идеологија се префрли кон левичарскиот национализам, кој кулминираше со ребрендирањето на партијата во 2015 година.
Патриотската партија се спротивставуваше на курдскиот мировен процес и нема претставници во Националното собрание на Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Масовни протести и исклучен интернет во Иран, Хамнеи со остар говор: „Ги уништуваат сопствените улици за да го усреќат Трамп“
Врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи, ги осуди демонстрантите во говор што беше емитуван на државната телевизија.
Врховниот лидер (86) на Иран изјави дека демонстрантите „ги уништуваат сопствените улици за да го усреќат претседателот на друга земја“, алудирајќи на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Сите треба да знаат дека Исламската Република дојде на власт со крвта на стотици илјади чесни луѓе и нема да попушти пред саботери“, порача Хамнеи во обраќањето на државната телевизија.
Тој додаде дека постојат многу проблеми во рамки на Соединетите Американски Држави, пренесе Иран интернешнел. Хамнеи ги повика поддржувачите да останат обединети.
„Драги млади луѓе, зачувајте ја подготвеноста и единството. Обединета нација ќе го победи секој непријател“, порача иранскиот верски лидер.
Вчера иранските власти го ограничија пристапот до интернет во Техеран и во некои други региони, на 12-тиот ден од масовните протести против владата.
Massive protest in Tehran, Iran. People had enough. Not much mainstream media coverage. Why? pic.twitter.com/RqIikXbW94
— Lily Tang Williams (@Lily4Liberty) January 8, 2026
Два извора потврдија дека интернетот во престолнината бил во прекин, додека организацијата NetBlocks, која ја следи достапноста на мрежата, соопшти дека нејзините податоци покажуваат оти Техеран и други делови на Иран влегуваат во „дигитален мрак“, со пад на поврзаноста кај повеќе провајдери.
Извор на CBS News наведе дека на улиците на Техеран има „огромни, досега невидени маси луѓе“, додавајќи дека поголемиот дел од граѓаните немаат пристап до интернет, додека на помал број корисници со постабилни деловни сметки врската сè уште им е достапна.
Аналитичарите оценуваат дека обемот на овој одѕив може да одреди дали протестите, кои траат 12 дена, ќе стивнат како претходните бранови незадоволство или ќе прераснат во сериозен предизвик за власта, со можност за поширока репресија.
Протестите започнаа на 28 декември поради економската криза и претставуваат најзначаен предизвик за иранската влада во последните неколку години, истакнува АП.
Свет
По руските удари, Зеленски повторно бара повеќе противвоздушна одбрана
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по руските воздушни удари и употребата на ракетата „Орешник“, повторно побара од западните земји да ѝ испорачаат на Украина повеќе средства за противвоздушна одбрана.
„Денешниот удар најсилно ги потсетува сите наши партнери дека поддршката за ПВО за Украина е постојан приоритет“, напиша тој на својот канал на Телеграм.
Во петокот Министерството за одбрана соопшти дека руските сили употребиле ракети „Орешник“ во рамки на масовен удар врз критични објекти во Украина, како одговор на нападот врз резиденцијата на Владимир Путин.
Медиумите известија за серија експлозии во Киев и Лавов. Според градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко, во градот има оштетувања на критичната инфраструктура. Во одделни делови се регистрирани и прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Фото:Depositphotos
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.

