Свет
Џозеф Борел: ЕУ мора да го научи „јазикот на силата“, потребна ѝ е армија од 60.000 војници
Новиот висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Џозеф Борел (72), вели дека на ЕУ ѝ е потребна постојана армија од 60.000 војници што Брисел може да ги распореди низ целиот свет, пренесува „Брејтбарт“.
Борел во понеделникот на расправа во Европскиот парламент за неговата кандидатура рече: „Европската Унија треба да научи да го користи јазикот на силата”.
Шпанскиот социјалист смета дека европските законодавци треба да ја зајакнат меѓународната улога на ЕУ и да го унапредат нејзиниот воен капацитет. Тој повика Брисел да го зголеми бројот на војниците на најмалку 55.000 до 60.000. Таквата сила би била поголема од постојаните војски на Португалија (35.000) или Холандија (43.000).
„Треба да ги споиме нашите национални суверенитети заедно за да ја зајакнеме моќта на одделните земји членки. И убеден сум дека ако не се дејствуваме заедно, Европа ќе стане ирелевантна во новиот свет што доаѓа “, додаде тој.
Во Брисел во моментов има „борбени групи“ од 3.000 војници од целата милиција на земјите членки на ЕУ, пишува „Телеграф“. Групите за борба се во мирување на секои шест месеци, но досега не биле користени. За да ги зголеми тие сили за дваесет пати и да ги направи постојани, на Брисел ќе му треба едногласна поддршка од земјите членки.
Британскиот европратеник Најџел Фараж го крена алармот околу повиците за постојана армија на ЕУ, велејќи: „ЕУ сега има за цел армија од 60.000 лица, а новиот шеф за надворешна политика Џозеф Борел вели дека ЕУ треба да научи да го користи јазикот на моќта. Кога ќе престанат да лажат бротанските поборници за останување во ЕУ за намерите на оваа опасна, недемократска држава?“.
Во 2015 година тогашниот лидер на британските либералдемократи Ник Клег ја нарече идејата за армијата на ЕУ опасна фантазија и го исмејуваше Фараж затоа што рече дека следниот чекор во градењето на империјата на ЕУ е силата.
Но, во ноември 2017 година се покажа дека евроскептиците биле во право кога мнозинството нации во ЕУ го потпишаа процесот за Постојана структурирана соработка (ПЕСКО). Документот е клучен за плановите на ЕУ за одбрана, кои беа осмислени од претседателот на Европската комисија во заминување, Жан-Клод Јункер, кој го поддржува основањето армија на ЕУ до 2025 година.
Минатата година францускиот претседател Емануел Макрон побара вистинска европска армија за да се заштитат од Кина, Русија, па дури и од САД, а германската канцеларка Ангела Меркел и Европската комисија со ентузијазам ја поддржаа идејата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Масовен руски напад врз Кременчук – делови од градот останаа без струја, вода и греење
Русија синоќа изврши масовен ракетен и дрон-напад врз украинскиот град Кременчук.
Според украинските воздухопловни сили, експлозии биле забележани околу 1:30 часот по локално време. Во нападот биле користени неколку хиперсонични ракети „Зинжал“, како и десетици дронови.
Градоначалникот на Кременчук, Виталиј Малецки, соопшти дека во делови од градот има прекини на струја, вода и греење, и додаде дека екипите работат на стабилизирање на критичната инфраструктура.
Тој ги повика жителите да останат на безбедни места.
UPDATE—-More footage that has come out from tonight’s Russian strikes on Kremenchuk in the Poltava region of Ukraine. pic.twitter.com/D9wBFrEMSw
— 🇷🇺 Vanguard-Veritas🇨🇦 (@RussCan91) December 7, 2025
Засега нема информации за жртви или за обемот на материјалната штета.
Паралелно со нападот, експлозии биле пријавени и во Фастив, во Киевската област. Таму претходниот ден беше погодена главната железничка станица. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тој напад го нарече „воено бесмислен“. Според министерот за внатрешни работи Игор Клименко, осум лица се повредени во нападите од 5 декември во регионите Киев, Лвов и Дњепропетровск.
Руските напади продолжуваат додека САД се обидуваат да посредуваат во напорите за запирање на војната.
Свет
Најмалку 25 лица загинаа во голем пожар во ноќен клуб во Гоа, Индија
Најмалку 25 лица загинаа, а повеќемина се повредени во тежок пожар што околу полноќ го зафати популарен ноќен клуб во Арпора, во индиската држава Гоа. Според првичните информации на локалната полиција, пожарот бил предизвикан од експлозија на плинска боца во кујната, по што огнот брзо се проширил низ објектот.
Поголемиот дел од загинатите биле вработени во клубот, но властите потврдија дека меѓу жртвите има и тројца до четворица туристи. Идентитетот и националностите сè уште се утврдуваат. Шестмина повредени се хоспитализирани и се во стабилна состојба.
Главниот министер на Гоа, Прамод Савант, изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите и најави официјална истрага. Таа ќе треба да утврди дали клубот ги почитувал противпожарните правила и дали поседувал валиден безбедносен сертификат.
Првичните извештаи укажуваат дека објектот немал задолжително одобрение дека објектот ги исполнува противпожарните стандарди.

Индискиот премиер, Нарендра Моди, на платформата X објави дека неговата канцеларија ќе понуди отштета до 200.000 рупии (1.889 евра) за секое семејство на жртвите и 50.000 рупии за повредените.
Гоа е позната туристичка дестинација на западниот брег на Индија и секоја година привлекува милиони посетители.
Свет
(Видео) Судири меѓу демонстранти и полиција во Атина: употребени солзавец и шок-бомби
Во центарот на Атина вечерва дојде до судири меѓу демонстранти и полицијата за време на маршот по повод 17 години од убиството на Александрос Григоропулос.
Полицијата употреби солзавец и шок-бомби, а приведени се 38 лица, од кои 8 се уапсени.
Тензии настанаа кога дел од демонстрантите се обидоа да тргнат кон квартот Егзархија, но полицијата ги блокираше. Метро станиците „Панепистимио“ и „Синтагма“ беа затворени од 17 часот по наредба на полицијата.
Сличен марш се одржа и во Солун, каде што беа приведени десет лица.
Убиството на 15-годишниот Григоропулос во 2008 година стана симбол на протестите против полициската бруталност, а годишнината и годинава ја одбележаа судири и силно полициско присуство.

