Македонија
(Видео) Арсовски: Целиот врв на СДСМ е вмешан во случајот „Рекет”
Истрагата наместо да се фокусира на обезбедување докази за инволвираноста на главата на октоподот, русковска-обвинителството шест месеци работи во насока на уништување на трагите кои водат кон Зоран Заев, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Уште од обелоденувањето на аферата ‘Рекет’ целата домашна и меѓународна јавност знаеше за улогата на Фрики во случајот ‘Рекет’. За жал, не видовме конкретна мерка од страна на органите на прогонот со што уште повеќе се подгеаја сомнежите дека главна цел на делувањето на Русковска е подготвување терен за спогодување со инволвираните. Очигледно е дека на тој начин ќе се влијае тие да не го посочат нивниот претпоставен, односно главата на октоподот Зоран Заев.
Новото проширување на истрагата е задоцнето и наликува на пресметка на параполициските структури во рамки на СДСМ, упатените добро знаат што зборуваме. Веројатно проценката е дека со откажување на заштитата на Фросина Ременски, притисокот врз Заев би се намалил. Фросина Ременски целиот овој период беше оставена да врши надзор над безбедносните служби, а нејзиниот сопруг Јовче Ременски да учествува во селекцијата на кадри за новата Агенција за национална безбедност, иако сите ја знаеја нејзината улога во „Рекет“.
Љубомир Јовевски бесрамно и очајнички тврдеше пред само 2 месеци дека нема вмешани политичари во случајот „Рекет“. Денеска потврди дека биле вмешани и политичари, и тоа од власта. Што рече порече. Класично обвинителство под контрола на Зоран Заев. Срамота е што се чекаше шест месеци за конечно некој од раководството и власта на СДСМ да биде осомничен за рекетирање. Ова што го гледаме не е правда. Ова што го гледаме е фарса и изигрување на правдата со само една цел, главата на октоподот Зоран Заев да се спаси од прогон заедно со уште неколку пиони од неговата партија.
Следува обнова на Македонија. Сите што треба да сносат одговорност ќе одговараат за сè што сториле пред судовите кога ќе се врати правдата во Република Македонија. Тоа ќе се случи кога СДСМ ќе падне и верувајте дека граѓаните и Република Македонија го заслужуваат тоа“, порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

