Македонија
(Видео) Царовска во Кочани: Ги зголемивме платите на вработените во градинките и социјалните центри

„Работиме чесно и одговорно. Наша јасна цел е да ги подобриме условите во државата и да обезбедиме подобар живот за секое семејство, градиме систем што нуди фер и еднаква шанса за сите“, истакна потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, на вчерашната граѓанска трибина во Кочани.
„Ги покачивме платите на сите вработени во 1.170 вработени во Центрите за социјални работи за 4.363 денари, што е историски најголемо досега. Исто така, обезбедивме историски највисоко покачување за 3.138 негуватели и воспитувачи во градинките. Тие сега земаат плата во просек за 3.000 денари повисока од претходно, односно покачувањето изнесува 16%. Дополнително следуваше покачување од 5% на платите во јавниот сектор”, рече Царовска.
„Инвестираме и во изградба на нови и проширување на постоечките капацитети на градинките низ цела држава. Голем акцент се става на отворање нови градинки во руралните средини, каде воопшто до сега немало вакви капацитети. На прав пат сме и се грижиме подеднакво за сите”, заклучи Царовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во вечерните часови локален дожд, а на планините повремен снег

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и топло време, освен денеска и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради промена на затварач ф 2“ на улицата Црвена Скопска Општина бб прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, Министерството за Транспорт и Врски и деловните објекти во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Ѓорче Петров, Сопиште и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 09:00 до 12:00 часот, дел од с.Волково – место викано Пржина. (Општина Ѓорче Петров).
· Oд 09:00 до 15:30 часот, ул.29 село Сопиште. (Општина Сопиште)
· Oд 10:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците Бриселска, Софиска и Гаврил Лесновски. (Општина Карпош)