Македонија
(Видео) Мицкоски од Струмица: Ви ветувам дека ќе има одговорност, од првиот до последниот
Сите оние курири кои што на кукавички начин доаѓаат да бараат милост за овие натрапници кои што ја заробија Струмица повеќе од деценија наназад, ја заробија и Македонија веќе трета година по ред, имам едно да им порачам немојте да си го губите времето, во животот постојат две опции, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Едната е да сте човек кој што е честит, чесен. Човек кој што ги почитува законите и работи по законите, ги почитува своите сограѓани, работници, пријатели, роднини и тој нема што да се плаши. И нему не му требаат курири. Но има и луѓе кои што се огрешиле пред законот и само заради тоа што биле на позиции, кукавички го кршеле тој истиот закон, го злоупотребувале, ги малтретирале, ги притискале, ги уценувале, ги рекетирале бизнисмените и граѓаните. Е за тие, јас ви ветувам дека ќе има одговорност, од првиот до последниот. Затоа не ги праќајте тие курии, нема потреба да доаѓаат, нема потреба да нудат. Извадете ги парите што ги украдовте, вратете ги назад. И немојте да правите коалиции со тие кои што велевте дека тие ги украдоа парите. Па стававте таму бројчаници над „Триумфалната капија“ во Скопје па велевте ќе ги врателе милијардите. Нема милијарди, нема ни милиони. Тие пари заедно, со тие вашите кои што ги украдовте најпрвин овде во Струмица, па потоа од граѓаните во Македонија, ќе дојде денот до последниот цент да ги вратите, онаму каде што припаѓаат. А, тие пари се на граѓаните и само за граѓаните.
А, вие јас ви ветувам, јас ви ветувам дека се борам, и додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ е дека прошка нема да има. Туку ќе има одговорност од првиот до последниот.
Живееме во време на декаденција. Живееме во време на неправди. Живееме во време кога се распродаваше националното достоинство, кога се газеше по честа и честитоста на луѓето, а додека тоа се правеше и додека паралелно ни го ветуваат тој прав пат менуваа закони за јавни набавки, а зошто менуваа закони за јавни набавки за да крадат, да можат да врват тендерите во четири очи. Ќе прошетате во РЕК Битола и ќе ги погледате багерите и камионите во РЕК Битола, ќе ви станат познати на вас струмичани знаете од тука се од Струмица се знае од каде се.
Прошетајте по експресниот пат од Радовиш до Штип и ќе видите чии камиони и багери вртат. Не затоа што се поквалитетни, не затоа што се подобри, туку едноставно затоа што нели братот е премиерот на државата. Тоа е единствениот квалитет, тоа е единствената причина зошто овие на дневна основа ги пљачкосуваат и ги крадат парите вашите на граѓаните, па и тоа им беше малку па сега решија со рацете во медот уште подлабоко да одат па го заграбија буџетот па безмилосно ги трошат парите од буџетот. Мислат дека народот има кратко помнење дека ќе им прости со тоа што они ќе заработуваат милијарди, а трошка како што беше она зголемување на пензиите од 36 денари ќе му подарат на народот и народот веднаш ќе заборави, ќе им прости и они ќе победат на изборите. Е тоа нема да се случи.
Затоа ни се потребни браќа и сестри, драги струмичани овие разговори заеднички со вас да ја напишеме програмата тоа што е реален проблем, да дадеме одговор, да дадеме решение, да понудиме таму каде што не можеме да понудиме решение да кажеме чесно за ова не можеме да понудиме решение. Таму каде што решението можеби ќе му треба повеќе време, повеќе месеци, недели чесно да кажеме ДА ќе го решиме, но ќе ни треба повеќе време. Доста е од лажговци во политиката. Секаде каде што идам без исклучок и каде што разговарам со нашите сограѓани две работи секогаш ми ги повторуваат. Доста е веќе лажговци и доста е крадци веќе во политиката. Мора еднаш засекогаш да се промените. Таа е болната вистина.
Со наш пример, преку личен пример треба да покажеме дека и ние политичарите и Македонија може поинаку и дека Македонија заслужува многу повеќе од овој пекол којшто денеска ни е секојдневие. Токму поради тоа месеци и месеци предвремено тргнавме со овој наш караван на теренски активности и разговори за обнова на Македонија за да го слушнеме гласот на народот, да научиме без никаква фрустрација, да научиме таму каде што сме грешеле уште еднашка да ги повториме и слушнеме маките и реалните проблеми и заедно со народот на следните предвремени парламентарни избори да го поразиме ова денено секојдневие, оваа неправда, ова понижување, криминал и арамилук. А потоа се знае како што рековме одговорност од првиот до последниот. Се сеќавате ветуваа дека ќе обезбедат загарантиран откуп за земјоделските производи, дека ќе ја зголемат помошта за земјоделците, дека редовно ќе ги исплаќале субвенциите, па дури и ќе ги зголемеле, а каква е реалноста?
Ветуваа помош за бизнисмените и економските оператори, а што донесоа рекет. Го пуштија Боки му дадоа по некој стих снимени разговори да уценува на широко и на длабоко, па уште му дадоа и придружба се сеќавате онаа обвинителка позади кој што Зоран Заев стоеше и велеше „Јас сум тој кој што гарантира за нејзиниот кредибилитет и интегритет“. Се сеќавате колку се пењавеа, препелкаат кога ги бранеа тие скапо платени обвинители кои што нижеа илјадници евра месечни примања додека работниците со едвај 200 евра мака мачеа семејствата да си ги прехранат. Е таа е таа вистината која што тие ја нарекуваа живот во Македонија.
Желбата на нашата кампања ќе биде како да си го вратиме македонизмот, не во онаа националистичка форма не во онаа форма каде што ќе ги навредуваме останатите етникуми кои што се наши сограѓани, наши соседи, браќа и сестри луѓето со кои што ја делиме оваа наша заедничка реалност. Туку заедно со нив треба да го поддржиме Македонизмот бидејќи Македонија е државата која што им дава се без разлика на нивната етничка припадност. Тие тука се родиле тука се образувале тука тагувале и се што во животот постигнале и должат на Македонија. И тоа воопшто не е регресивно туку напротив тоа е прогресивно.
Го слушнавте не така одамна еден од наголемите светски лидери можеби најголемиот којшто вели дека иднината им припаѓа на патриотите и луѓето кои што си ги сакаат сопствените држави. Почитувајќи ги се разбира соседните држави почитувајќи ја се разбира разликата помеѓу етничка и верска основа. Но. иднината запаметете им припаѓа на патриотите. И да си патриот денеска, да си Македонец е голема работа и тоа да си ја сакаш Македонија е огромна работа, затоа што покажувајќи ја љубовта кон сопствената земја ти покажуваш всушност колку ги почитуваш и останатите сограѓани кои не се дел од твојот народ. Но, љубовта кон земјата треба да биде голема, треба да биде голема и кај Албанците, кај Турците и кај Ромите, и кај Власите, и кај Србите, и кај Бошњаците и кај сите останати коишто се наши сограѓани , наши соседи, наши пријатели, колеги.
Македонизмот не подразбира ексклузивно право на Македонците и на македонскиот народ, туку сите вие имате можност да си ја сакате, љубите и браните башата татковина Република Македонија. Тоа е оној македонизам којшто ние сакаме да го видиме. Нема да се срамуваме, туку треба да ја кренеме главата гордо високо каде и да се наоѓаме во светот. Ние сме горди Македонци. Иако некој не учеше да си ја свиткаме кичмата, не ние ќе ја исправиме кичмата, гордо ќе стоиме со исправена кичма и така горди ќе се бориме да го вратиме она коешто овие неразбрани трговци го истргуваа за да можат да крадат. Ете тоа е основната суштина на нашата платформа како да си го повратиме македонизмот.
Првата работа што ќе ја направиме откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада, во првите сто дена ќе го вратиме повторно рамниот данок за економските оператори, за претприемачите, за бизнисмените. Истовремено во тие сто дена ќе изнајдеме, а имаме решенија за најголемиот дел проблеми коишто денеска се секојдневие на земјоделците во нашата татковина. Во првите сто дена ќе го отпочнеме проектот како да направиме синергија и поврзаност помеѓу инвеститорите, помеѓу науката и образованието и бизнисот.
Во првите сто дена ќе ги отпочнеме т.е да бидат попрецизен ќе ги рестартираме проектите коишто овие ги затворија, а коишто ќе значат подобрување на условите и животната средина. Не овие мерки каде што со десетина милиони ваши пари ќе тргуваат за да жителите во четири градови во Македонија, во Кичево, во Тетово, во Битола и во Скопје добијат клима инвертор. Замислете каква иронија. Во Битола и во Кичево ќе субвенционираат по илјада евра за еден клима инвертор
А, тој клима инвентор за да го затоплува домот користи електрична енергија која што се произведува од оние неморденизирани термоцентрали и во Осломеј и во Кичево, и во Битола кои што се најголемиот извор на загадување во тие градови. Какво лицемерие.Но треба да ја кажат вистинската вистина, вистинската вистина е дека со 10 милиони евра се обидуваат да поткупат 10.000 наши семејства“ порача Мицкоски пред струмичани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
УХМР: Најголема опасност од излевања и заезерувања има во југозападните и западните делови на земјата
Од утринава зголемување на водостоите има во југозападниот дел на земјата, односно на река Коселска, река Сатеска, река Ресенска и на останатите помали реки и суводолици во регионот каде се можни локални излевања на реките и појави на заезерување на водата. Во Охридско-Преспанскиот регион се очекува реакција на помалите реки и суводолиците, а исто така и во Струшкиот регион каде се можни локални излевања и појави на заезерување во Струшкото Поле заради интеракција на подземните и површинските води, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
„Исто така, утринава е висок водостојот на река Вардар во горниот дел од сливот и можни се локални излевања на реката во тој дел (во Гостиварскиот регион), а можни се појави на заезерување на водата во Полошката Котлина.
Значително е висок водостојот на река Црна во долниот дел од течението и можни се локални излевања на реката и појави на заезерување на водата во Пелагониската Котлина, а исто така и во делови од Битолско-Прилепскиот регион. Во горниот дел од сливот нема позначително зголемување на водостојот но можни се заезерувања во Демир Хисарскиот регион.
Останува висок водостојот на река Треска и таму се можни локални излевања и заезерувања во целиот слив на реката, вклучително и Кичевскиот регион.
Генерално, најголема опасност од излевања и заезерувања има во југозападните делови и западните делови на земјата каде и во текот на денот некаде до 18:00 часот врнежите ќе бидат од дожд и снег и на повисоките места, додека на пониските ќе бидат само од дожд. Во попладневните часови, некаде после 18:00 часот се очекува продор на северен ветер и северно струење на воздухот што ќе придонесе за заладување на времето и врнежите насекаде ќе преминуваат во вид на снег. До тој временски преод останува опасноста од локални излевања и заезерувања на водата пред се во југозападните, западните и северозападните делови на земјата.
Предупредуваме на вниателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден“, се наведува во соопштението на УХМР.
Македонија
Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини
Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните избори за градоначалници на општините Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, информира Државната изборна комисија.
„Вкупно 249 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас на овие избори. Од нив, 146 лица се пријавени за гласање во Гостивар, 32 болни или немоќни лица имаат право да гласаат во Врапчиште, 69 лица може да гласаат за градоначалник на општина Маврово и Ростуше и 2 лица може да гласаат за градоначалник на општина Центар Жупа. Со почеток во 7:00 часот во 7 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 94 лица кои се на издржување казна затвор или притвор“, велат од ДИК.
Оттаму додаваат дека гласањeто досега се одвива непречено и без проблеми.
Македонија
ЦУК: Поплавени дворови и земјоделски површини, одрони на повеќе патни правци
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти најнови информации за последиците од обилните врнежи на територијата на Македонија – состојба заклучно со 09:00 часот.
Кочани и Штип
Кај Оризарска река во село Грдовци има излевање. Водостопанство Брегалница интервенира со багер гасеничар. Механизацијата е сѐ уште на терен. Од понеделник ќе започне чистење на речното корито на Оризарска река од Грдовци кон Оризари со цел да се спречат идни несакани последици.
Сообраќајот на патниот правец Кочани Грдовци е нормализиран.
На повеќе патни правци во источниот дел се појавуваат одрони и Македонијапат интервенира за нивно расчистување.
Битола
Во населбата Стрчин КЈП Нискоградба интервенира со механизација за расчистување на нанос од чакал и земја.
Во селото Кравари има заезерени земјоделски површини без опасност по објектите.
Во селата Жабени и Породин има поплавени земјоделски површини и ЈП Водостопанство интервенира на Жабјанска река.
Елешка река е излеана и има поплавени земјоделски површини.
Нивото на водата во реките е во опаѓање.
Ресен
Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка.
Нивото на Голема река е намалено од 2,20 метри на 1,40 метри.
Ангажирани се екипи од ЕЛС Ресен, Македонијапат и ЈКП Пролетер Ресен кои вршат обиколка и проценка на состојбата на терен. Состојбата е нормализирана.
Крушево
Поради поројните врнежи водата за пиење е заматена и се препорачува да се преврива најмалку 10 минути.
Нивото на Црна река кај село Бучин е покачено но водата на местата каде што беше излеана е повлечена.
Екипи од ЈП Комуна, ТППЕ Крушево, ЕЛС Крушево и надлежни служби интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки.
Демир Хисар
Локалниот пат кон село Мренога е затворен за сообраќај поради оштетување на мост на Боишка река. Надлежните служби ја обезбедуваат локацијата.
Прилеп
Во селото Лажани пријавена е штета кај еден жител поради поплавен двор и приземни простории и оштетување на тутунот.
Во селото Пешталево исто така имало поплавувања поради неисчистени канали.
Во двете села интервенираше градежна механизација за расчистување на каналите.
Тетово
Патот кон Бање Тетово е исчистен но СВР Тетово го има забрането сообраќајот од безбедносни причини.
Патот кон село Жерма и кон село Бродец е прооден.
Состојбата во село Стримница Општина Желино се следи континуирано од надлежните служби.

