Спорт
Румениге: Плачев кога му давав отказ на Анчелоти!
Италијанецот Карло Анчелоти беше голм играч, но и врвен тренер. Како играч со Рома го освои Купот на шампионите, а со Милан двапати стана шампион на Европа.
Реал го донесе на „Бернабеу“, а го предводеше и Јувентус, а титули освојуваше и со Челси и со ПСЖ.
Единствено авантурата во Баерн Минхем му е неуспешна.
Иако и таму ја освои титулата во Бундеслигата, сепак доби отказ, и тоа од неговиот пријател, директорот на баварскиот клуб, Карл-Хајнц Румениге.
„Анчелоти е сјаен тренер, мешутоа не ни одеше како што очекувавме и моравме да донесеме одлука. Се сеќавам дека јас ја имам задачата да му кажам за отказот. Низ солзи го направив тоа, но тој се разбра. Ме прегрна и ми порача ,Се е во ред, веќе не си ми шеф, но и понатаму сме пријатели,. Тогаш заплакав, предобар човек, вистински пријател“ – рече Румениге за актуелниот тренер на Наполи.
Румениге посебно истакнува една страна на Италијанецот.
„Секогаш е неверојатно смирен. Работев со многу тренери, сите беа различни, но само Анчелоти беше секогаш мирен, дури и во тешки моменти“ – истакна Германецот.
Rummenigge: I cried when I had to sack Ancelotti. pic.twitter.com/X4tvWaXAKm
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) October 11, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона имаше 0:2 во Виго но не победи
Фудбалерите на Селта и Барселона одиграа нерешено (2:2), во последниот дуел од саботната програма од 14.коло на Ла Лига.
Се чинеше дека Бареселона има се во свои раце, до последните десет минути од натпреварот.
Возбудлива завршница започна по вториот жолт картон за Марк Касадо во 82. минута.
Две минути подоцна, Алфонсо Гонзалес ја искористи катастрофалната реакција на Жил Кунде и го намали резултатот, а две минути подоцна Хуго Алварез успеа да го совлада Игнасио Пења, за голема радост на „Балаидос“.
Можеше Селат да дојде до спектакуларен пресврт, но атрактвниот обид на Борха Иглесиас во 93.минута го одбрани Ињаки Пења.
Барселона во претходните години често имаше проблеми во Виго. Не делуваше дека таке ќе биде и на овој натпревар. Барселона беше подобриот тим на теренот и имаше предност од два гола.
Рафиња погоди во 15, а Роберт Левандовски во 61 минута.
Барса останува лидер со 34 бодови, додека Селта е 11-та со 18 бодови.
Спорт
Гвардиола: Се мачиме, немаме баланс во играта
Тотенхем во Манчестер го декласира Сити со 4:0 и ја продолжи агонијата во која се наоѓа тимот на пеп Гвардиола. Ова е најдолга низа на порази на актуелен шампион во Англија уште од 1956 година, ког Челси исто така имаше пет порази по ред. Оваа серија порази е најдолга во кариерата на за многумина најдобриот тренер во моментов, Гвардиола.
„Ние сме во таков момент, немаме баланс. Има неколку причини зошто не сме во состојба да бидеме константни во нашата игра. Имаше и играчи кои доцна се вратија, некои не се доволно закрепнати од повредите, имаше многу пропусти. И, не можам, а да не очекувам нашите ривали да не создаваат шанси. Почнавме многу добро, имавме шанси, а потоа тие поведоа од првата шанса…“ – изјави Гвардиола.
Фудбалерите на Сити не можеа ниту физички да се носат со ривалот.
„Не успеавме да ги издржиме дуелите како обично, се мачиме но сезоната е долга. Се може да се случи. Гостување во Ливерпул? Прво ја имаме Лигата на шампионите против Феенорд, не знам што ќе се случи на „Енфилд“ Ситуацијата е нова за нас, нашата игра постои, но се мачиме да постигнеме гол“, рече Шпанецот.
Спорт
Судот за спортска арбитража му ги врати титулите на Тимошчук
Поранешниот украински фудбалер, а сега тренер Анатолиј Тимошчук е еден од најнепопуларните ликови во својата татковина од почетокот на воениот конфликт меѓу Украина и Русија. Од една едноставна причина, тој остана во Зенит од Санкт Петербург, каде работи како помошник тренер.
Критиките против него се практично секојдневни, а можеби најдалеку отиде поранешниот фудбалер Олександар Алиев.
„Ти си руско куче. Се продаде за пари. Запомни дека твоите родители живеат овде. Ти си идиот и си мртов за нас. Запомни го тоа засекогаш“, му порача Алиев во една прилика на Тимошчук.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски го стави Тимошчук на „списокот на предавници“. Тој стана еден од 34-те украински спортисти на кои им беа одземени сите државни награди и титули.
Но, за разлика од повеќето кои не реагираа на овој потег на државниот врв, Тимошчук поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана. И го доби спорот.
Судот за спортска арбитража ја прифати жалбата на Тимошчук и со тоа ги поништи одлуките на Фудбалската федерација на Украина и претседателот на Украина, со кои на Тимошчук му беа одземени титулите.
Тимошчук во својата кариера настапуваше за Волин Луцк, Шахтјор Доњецк, Зенит, Баерн, потоа повторно Зенит и на крајот за Каират. За репрезентацијата на Украина одигра 144 натпревари. Во Зенит како помошен тренер работи од 2017 година.