Македонија
Царовска: Во Северна Македонија се создава квалитетен социјален дијалог
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска на Текстилијада во Штип, учествуваше на панел дискусија – Синдикално здружување во минатото и сега.
Низ дебата со преставниците на синдикалните организации од земјава и Шведска, преставниците на Организацијата на работодавачи, и други страни истакна дека во Северна Македонија почнува да се создава вистински социјален дијалог од кој можеме да очекуваме прогрес во делот на политиките за трудот кој ќе биде добар за сите.
„Ако во минатото синдикалните организации беа само фигура и не носеа одлуки, туку за нив тоа го правеше државата, сега имаме процес во којшто работите се променети. Синдикатите коишто се гласот на работниците се вклучени во создавањето на сите закони кои ги засегаат работниците и за истите се води здрав дијалог. Во овој дијалог се вклучени и работодавачите и државните институции и експертите, и ова навистина ме радува. На ваков начин во завршна фаза сме на креирање на целосно нов закон за работни односи и Владата нема да го усвои се дододека не се постигне договор за отворените прашања којшто ќе биде во интерес на сите“, рече Царовска.
Министерката потенцираше дека преку дијалог со работниците оштетени во процесот на транзицијата коишто со години талкаа по улиците барајќи ја правдата, се постигна денеска да имаме 11.000 стечајци кои се материјално обезбедени со месечен надомест до нивно пензионирање. Со новиот закон којшто неодамна го усвои владата нивната бројка ќе се зголеми на 12.000.
„Во преговори сме и за зголемување на минималната плата и тоа наскоро ќе се случи. Барањето произлезе од синдикатите, и низ конструктивен разговор со работодавачите можам да кажам дека сме блиску до договор“, рече Царовска.
Царовска рече дека исто така во широка консултација со бизнисот и сите засегнати страни се креира новиот Оперативен план за активни мерки за вработување за 2020 година. На ист начин беше направен и годинешниот за којшто се предвидени над 1,1 милијарда денари и се очекува висока реализација од над 95 %.
Годинешната третата „Текстилијада“ во Штип која што се одржува од 11 до 13 октомври е посветена на „Позитивни примери од регионот – синдикати, организации и институции здружени за подобри работнички права”. Настанот има за цел преку културата и уметноста да ја отвори темата на локално и национално ниво, за склучување на партнерства за започнување на социјален дијалог за горливите теми кои не засегаат сите, најмногу младите и работниците. Настаните од социјален и уметнички карактер имаат за цел да поттикнат млади и работници да се вклучат во процесите на одлучување. Настанот е поддржан од Олоф Палме Центар и Шведската Влада, Фондација Отворено општество – Македонија и Општина Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.

