Црна хроника
Приведени државјанки на Албанија и Србија во кумановско

Кумановската полиција ноќта во саботата кон неделата спроведе контрола во објекти во околината на градот, при што приведе четири албански и две српски државјанки.
Контролата била спроведена во угостителскиот објект „Алби Леди“ во с.Ваксинце-кумановско и во еден нерегистриран угостителски објект во с.Черкези – кумановско.Од страна на СВР Куманово во тек се мерки за расчистување на случајот.Истовремено МВР соопшти дека на граничниот премин „Богородица“ во четири вагони од товарен воз, биле откриени тројца странски државјани од Брегот на Слоновата Коска, кои по извршениот разговор се депортирани на грчката полиција. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец измамен за 23.000 евра – мислел дека помага да си го вработи внукот, налетал на измамник

Во полицијата пријавен случај на измама со лажно вработување.
Измамен е 65-годишен скопјанец, од кого, спроред пријавеното, измамникот успеал да земе 23.000 евра.
Скопјанецот во неколку наврати му ги дал парите, за да помогне во вработување на негов внук, но до пријавувањето на настанот не го исполнил договореното.
Од МВР велат дека се преземат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Две жени натепани од поранешните партнери во своите домови

Две жени вчера во Скопје биле нападнати од страна на нивните поранешни партнери.
Во првиот случај, 51-годишна жена од скопско пријавила дека околу 18 часот во домот била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.П.(49).
Неколку часа подоцна, 31-годишна жена од Битола, со престој во Скопје, пријавила дека пред нејзиниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Р.К.(34) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.
Црна хроника
Момче две години ја демнело својата сосетка во Крива Паланка – ја следело, па ѝ се заканувало

Полицијата поднесе кривична пријава против 27-годишно момче од Крива Паланка за демнење.
Од МВР информираат дека во периодот од март 2023 до април 2025 година, пријавениот ја следел неговата сосетка, ја вознемирувал и ѝ праќал пораки на социјални мрежи со закани дека ќе објави нејзини фотографии и видеа доколку не му даде пари.