Контакт

Општество

Анкета: Се намалува довербата на граѓаните од западен Балкан во јавните институции

Објавено пред

Според резултатите од анкетата на ПАСОС проектот за отворена влада, во 2015-та година довербата на граѓаните од Западен Балкан во националните и меѓународните институции генерално се намалила, а најголемо драстично намалување има во Македонија, која е преплавена со скандали.

dobivaj vesti na viber

Вкупно, според податоците од третата годишна анкета спроведена од Застапување за отворена влада, проект финансиран од ЕУ за поттикнување на владите во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија за поголема транспарентност, најлошо од домашните институции поминале политичките партии.

Во Македонија, испитаниците ги идентифиикуваа политичките партии и владината канцеларија за антикорупција како особено неверодостојни и со најмала доверба. Само 10 проценти се изјасниле дека имаат доверба во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), што претставува најмал процент на испитаници кои се изјаниле дека имаат некое ниво на доверба во институтициите.

Политичките партии, пак, имаат највисок процент на лица кои експлицитно се изјасниле дека немаат доверба во институцијата. „Политичките партии остануваат ентитет со најмала доверба, односно 75,6 отсто од испитаниците изјавиле дека не им веруваат на политичките партии. Судскиот систем со 67,3 проценти  и ДКСК со 65,1 отсто, исто така, имаат високо ниво на недоверба“, изјави Ќендреса Сулејмани, аналитичарка од Центарот за истражување и креирање политики од Скопје, која го надгледуваше анкетирањето во Македонија.

„Ова главно се однесува на сегашната политичка криза во државата“, нагласи Сулејмани. „Во 2015-та година, опозициската партија објави многу преслушувани разговори од високи владини функционери укажувајќи на криминалните активности во кои биле вклучени владините функционери и политизација на институциите, како што се меѓу другите и судовите и Државната комисијаза спречување на корупцијата“, додаде таа.

Во Македонија довербата во институциите драстично се намали споредбено со други истражувања на истата тема. На пример, процентот на Македонци кои се изјасниле дека имаат некое ниво на доверба во војската од 71,5 отсто во 2014-та година, кога била институција со најголема доверба, се намалил на 37,5 проценти во 2015-та година.

Дури и во институцијата која уживала најголема доверба во 2015-та година, образовниот систем, доверба имаат само 44 отсто од Макдонците. Во други држави, исто така, се забележува намалување на довербата, но падот на довербата во институциите е многу поблаг во однос на оние кои се зафатени од скандали.

На пример, драстично се намалил процентот на Косовари кои се изјасниле дека имаат доверба во Мисијата на Европската унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) и во ЕУ. Околу 31 отсто од Косоварите имаат доверба во ЕУЛЕКС, споредбено со доверба од 54 проценти во слична анкета во 2014-та година. Довербата во ЕУ од 64 отсто во 2014-та година се намалила на 53 проценти според последната анкета, која била спроведена есента 2015-та година.

Другите податоци од анкетата покажуваат дека:

–       довербата на Црнгорците во политичките партии се намалила на 25 отсто, односно пад од 9 процентни поени споредбено со претходна анкета.

–       Во Босна и Херцеговина, религиозните групи уживаат најголема доверба. Повеќе од 62 отсто од испитаниците одговориле дека имаат доверба во религиозните групи. На последно место се политичките партии, каде 77 отсто од испитаниците одговориле дека немаат или имаат малку доверба во овие организации.

–       процентот на Срби кои се изјасниле дека имаат доверба во претседателот на државата се намалил од 54 отсто во 2014-та година на 44 проценти во 2015-та година. Србите покажале најмала доверба во невладините организации од шесте држави, односно само 28 проценти се изјасниле дека имаат некое ниво на доверба во овие организации.

–       НАТО и Европската унија и понатаму имаат најголема доверба во Албанија, далеку повеќе од нивото на доверба на Албанците во нивните домашни институции.

 ПАСОС членките кои го спроведоа истражувањето се: Институтот за демократија и посредување (Албанија), Центарот за социјални истражувања Аналитика (Босна и Херцеговина), Реинвест институтот за истражувања на развој (Косово), Центарот за истражување и креирање политики (Македонија), Центарот за демократија и човекови права (Црна Гора), Центарот за мониторинг и истражување ЦЕМИ (Црна Гора) и Центарот за евроатлански студии (Србија).

Учесниците во проектот го набљудуваат влијанието на преземените владини акции како дел од иницијативата за Отворено владино партнерство (ОВП). Проектот, исто така, ги зема предвид и искуствата на новите земји-членки на ЕУ, заложби, и креира планови за застапување на отворена влада. ОВП е мултилатерална инцијатива чија цел е да обезбеди конкретни заложби од владите за да промовира транспарентност, еманципира граѓани, борба против корупцијата и промовира нови технологии за зајакнување на владеењето. За да се стане членка на ОВП, земјите-учеснички мора да ја прифатат Декларацијата за висок степен на Отворена влада; изработинационален Акциски план преку процес на јавни консултации; и да се заложат за независно мониторирање на нивниот напредок.

ПАСОС е независна тинк тенк организација во Европа и Централна Азија. ПАСОС ги поддржува организациите на граѓанското општество кои самостојно и заеднички промовираат јавно учество за прашања од јавните политики на ниво на Европската Унија, во други европски и глобални структури и во поширокото соседство во Европа и Централна Азија./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија10 часа

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија15 часа

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија17 часа

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ18 часа

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија18 часа

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...

Македонија18 часа

Половина од младите во Македонија не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ

Повеќе од 46 отсто од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската унија, покажува новиот...

Македонија19 часа

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, предупредува МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека до неколку граѓани од страна на сторители што лажно се претставуваат во име на...

Македонија20 часа

Комисијата за историски прашања е алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, вели Димитров

Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија,...

Свет23 часа

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет23 часа

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа24 часа

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет1 ден

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа1 ден

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складиштен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа1 ден

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ1 ден

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија2 дена

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија2 дена

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...