Свет
(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции
Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било болно. По две години, судот во Далас, САД, ја осуди на шест години затвор кога се изјасни за виновна за повреда на дете.
Десетгодишниот Кристофер Боуен најголемиот дел од детството го поминал во болниците. Тој одел на лекар 323 пати и имал 13 големи операции помеѓу 2009 и 2016 година, според „Форт Ворт Стар-телеграма“. Му била ставана цевка за хранење, користел апарат за кислород, понекогаш морал да седи и во инвалидска количка. Но, ништо од тоа не му било потребно бидејќи детето било здраво. Медиумите пишуваат дека проблемот всушност е кај мајката, која боледува од синдром на Минхаузен, кој претставува сериозно ментално нарушување.
Оваа неверојатна приказна ја објавија светските медиуми, кои пишуваат дека неговата мајка Кејлин Боуен-Рајт од Далас, САД, со години го подложувала сопственото дете на непотребни инвазивни медицински третмани во Далас и Хјустон.
Во петокот Боун-Рајт беше осудена на шест години затвор кога се изјасни за виновна за повреда на дете. Болниците во Далас и Хјустон се посомневале во целиот случај и поднеле извештаи до државната Агенција за детски услуги. Службата за заштита на деца ѝ го одзеле старателството на мајката за Кристофер и неговите две полусестри. За нив сега се грижи таткото.

Со тоа завршила долгата правна битка на таткото на Кристофер, Рајан Крафорд, кој со години се обидувал да го добие старателството над синот и тврдел дека тој не е болен.
„Таа секогаш велеше дека Кристофер е болен. Секоја недела. Секој месец “, изјави Крафорд за медиумите во декември 2017 година, набргу по апсењето на Боун-Рајт. Таа секогаш ќе речеше: „Нешто не е во ред. Тој го има ова. Тој го има тоа“.
Со текот на годините мајката на Кристофер тврдела дека детето има карцином, генетско нарушување и напади, меѓу другите заболувања.
Боуен-Рајт исто така онлајн прибирала финансиски средства за лекување на Кристофер. Таа организирала велосипедска трка за него во 2014 година по тврдењето дека има ретка болест наречена артериовенска малформација, со надеж дека ќе собере 30.000 американски долари за медицински третмани.
На судењето на Боуен-Рајт оваа година, Сузан Дакил од Детскиот медицински центар во Далас изјави дека Кристофер честопати се чинел поздрав отколку што тврди мајка му и дека непотребните третмани всушност предизвикале медицински компликации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стармер: Никој не е над законот
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и САД во врска со „скандалот“ околу осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, нагласувајќи дека „никој не е над законот“.
Во интервју за Би-Би-Си, Стармер рече дека секој што има релевантни информации има обврска да се јави кај властите.
„Секој што има какви било информации треба да сведочи. Без разлика дали е Ендру или некој друг, секој што има релевантни информации треба да контактира со надлежниот орган“, истакна британскиот премиер, додавајќи дека ова важи не само за случајот Епстин, туку и за сите други случаи на насилство врз жени и девојчиња.
Стармер истакна дека еден од основните принципи на британскиот систем е дека сите се еднакви пред законот.
„Никој не е над законот. Тоа е долгогодишен и многу важен принцип на нашето општество и мора да се примени во овој случај на ист начин како и во секој друг“, рече тој.
Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен денес во неговиот имот Вуд Фарм во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден, објави британскиот „Телеграф“, повикувајќи се на неименувани извори.
Ендру беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција.
Регион
Пленковиќ: Разговарав со Вучиќ, Сојузот е „технички“
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес во Њу Делхи изјави дека за време на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, тој „ги отфрлил стравувањата на Србија во врска со одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“.
„Ги отстранивме стравувањата што, според нас, постојат во Србија во врска со соработката меѓу министерствата за одбрана на Хрватска, Косово и Албанија.“ Објаснив дека оваа соработка е насочена кон техничка соработка на нашите оддели и дека на никаков начин не е насочена против Србија“, рече Пленковиќ.
„Значи, сега, колку што видов од неговата изјава, таа е прифатена“, им рече Пленковиќ на новинарите на маргините на самитот за вештачка интелигенција во Њу Делхи, пренесува „Хина“.
Според написите, минатата година, Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за соработка во областа на одбраната и безбедноста, која, според толкувањето на експертите, не е исто што и договор за воено-техничка соработка,.
Свет
Туск упати итен апел до полските граѓани: „Ве молам веднаш да го напуштите Иран“
Полскиот премиер Доналд Туск апелираше до сите полски граѓани во Иран веднаш да ја напуштат земјата поради растечката опасност од потенцијален конфликт.
„Ве молам, веднаш напуштете го Иран и под никакви околности не одете во оваа земја. Не сакам никого да плашам, но сите знаеме за што зборувам. Можноста за конфликт е многу реална“, рече Туск за време на посетата на полигонот за обука на Воениот институт за технологија на оружје во Зјелонка, каде што во исто време се одржаа отворени тестови на беспилотни системи за оружје, објави порталот „Виадомосци“.
Туск беше придружуван од министерот за национална одбрана Владислав Косињак-Камиш и заменик-министерот Цезари Томчик, а за време на настанот одржа и интервју со медиумите.
Тој нагласи дека „за неколку часа, можноста за евакуација ќе биде отежната“, укажувајќи на потенцијалната итност на ситуацијата.
Туск ги предупреди граѓаните сериозно да го сфатат овој апел, потсетувајќи на „лошите искуства од минатото“.
„Ве молам да го сфатите ова многу сериозно. Имавме лоши искуства во минатото, а некои луѓе ги игнорираат овие апели“, нагласи полскиот премиер.

