Црна хроника
Откриени осум килограми марихуана во куќа во Мала Речица

Осум килограми марихуана биле запленети во понеделникот во куќа во тетовска Мала Речица.
Полицијата при претресот на домот на 40-годишниот тетовец кој бил инволвиран и во кражби и други криминални активности, во една од помошните простории, поточно под работна маса, пронајдени се седум пакувања, девет најлонски ќесиња и една поголема црна најлонска ќеса со непозната зелена тревкаста материја, најверојатно марихуана, со вкупна тежина од близу осум килограми.
Покрај ова, при личниот претрес во панталоните на М.З пронајдени се три зипер ќеси со зелена тревкаста материја, додека во детска количка на истата просторија пронајдена е една вага.
Сето пронајдено е фотодокументирано, одземено и ќе се вештачи. Дилерот кој во меѓувреме се обидел да избега, веднаш бил фатен./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 32-годишник од Скопско, превезувал прехранбени производи без документација

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од село Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Имено, при преглед на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.
Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.