Црна хроника
Истрага против скопјанец кај кого е пронајден еден килограм марихуана
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.
На 9 октомври полициски службеници го забележале осомничениот во близина на селото Грачани како управува моторцикл без регистарски таблички и го запреле за да извршат легитимирање. Осомничениот се дал во бегство, но бил совладан од полициските службеници. При извршениот личен претрес под тренирката му била пронајдена кеса со наркотична дрога марихуана со вкупна нето-маса од 1.010 грама. Осомничениот 22-годишен скопјанец дрогата ја набавил и ја држел неовластено заради продажба.
Со оглед на тоа што постојат околности што укажуваат на опасност од бегство или осомничениот да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

