Македонија
(Видео) Попова: Наместо нов мост преку Вардар во Ѓорче и продолжување на „Илинденска“, Шилегов си изгради викендичка во Маврово
Две години Петре Шилегов. Две години измами. Две години неработа и неспособност. Две години Скопје стои во место. Се наоѓаме на крајот на булеварот Илинден, сообраќајница за која Петре Шилегов вети продолжување кон општина Ѓорче Петров со нов мост преку Вардар, порача Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.
„Петре Шилегов е две години крадоначалник, а најавениот проект продолжување на ‘Илинденска’ со нов мост преку Вардар остана само празно слово во партиската програма. Шилегов помина две години како крадоначалник, но наместо нов мост преку Вардар во Ѓорче и продолжување на ‘Илинденска’, тој си изгради викендичка во Маврово. Скопјани се излажани и манипулирани од Петре Шилегов и СДСМ.
Лагите на Шилегов излегоа на виделена. Две години нема кружен тек кај „Мавровка“, кој го вети, ги нема ветените нови паркови, нема продолжување на „Словенечка“, нема пешачки мост помеѓу Аеродром и Гази Баба, го нема ниту ветениот чист воздух, нема ниту пешачка зона на кејот на Вардар кај ГТЦ, ја нема ветената реконструкција на двете средни училишта „Лазар Танев“ и „Кочо Рацин“, кои и понатаму функционираат во бараки, нема нова Универзална сала, нема решение за кучињата скитници, ниту за сообраќајниот хаос, но затоа има шминка и криминал.
Најголемиот криминал е со продажбата на Градската куќа, каде што однапред се знаат купувачот и зградата што Петре ја таксал, само не се знае провизијата на овој бонбона-бизнис на Петре Шилегов. Лагите, криминалот и неработата се неговата главна одлика.
Шилегов е неспособен да работи и реализира проекти. Скопје мора да сврти нов лист. А Шилегов мора да си замине. Време е за обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, истакна Попова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

