Економија
Царинската управа домаќин на конференција на Светската царинска организација ПИКАРД
Од 22 до 24 октомври Царинската управа ќе биде домаќин на најзначајната конференција на Светската царинска организација ПИКАРД (Партнерство во царинското истражување и развој), која ќе се одржи во хотелот „Хилтон“ во Скопје. На конференцијата се очекуваат околу 200 гости од повеќе од 50 земји, царински експерти и академици, кои ќе ги презентираат своите истражувачки трудови.
Темата на годинешната 14. ПИКАРД-конференција, која се организира во соработка со Светската царинска организација и Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, е „Паметни граници за непречена трговија, патување и транспорт“, со што се потврдува определбата на царинските администрации во светот за непречено движење стоки, патници и транспортни средства преку границите.
Други теми што ќе се обработуваат на конференцијата преку излагања научни и практични трудови ќе бидат: Анализа на големи податоци – Big Data Analytics, Координација и соработка на границите, Прекугранична Е-трговија, Специјални економски зони, Технологија на граничните премини и Намалување на протекционизмот.
Од името на Владата на Република Северна Македонија конференцијата ќе ја отвори премиерот г. Зоран Заев, а поздравни говори ќе имаат и директорот на Царинската управа, м-р Ѓоко Танасоски, генералниот секретар на Светската царинска организација, Кунио Микурија, и Ана Чо, директор на Корејската царинска служба.
Изборот на Светската царинска организација, Република Северна Македонија да биде земја домаќин на оваа престижна конференција, е потврда за реформскиот напредок и посветеноста на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за финансии и Царинската управа за вклучување во глобалните синџири на светската економија, модернизација на царинското работење и олеснување на трговијата.
Инаку, Светската царинска организација секоја година во разни делови од светот ја организира ПИКАРД-конференцијата во соработка со царинската администрација на земјата домаќин. Досега земји домаќини биле Турција, Швајцарија, Мароко, Русија, Мексико, Азербејџан, Филипини, Тунис и др.
ПИКАРД-конференциите се одлична можност за вмрежување на научниот кадар од царинските администрации во светот, а истовремено секој научен труд претставува основа за одговор и приспособување на политиките на царината кон современите барања на трговијата и размената на стоки и услуги.
Официјалното отворање на конференцијата е на 22.10.2019 година од 10 до 11 часот. За повеќе информации, ве молиме обратете се до кабинетот на директорот на Царинската управа на имејлот: [email protected].
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)