Македонија
Европските зелени: ЕУ мора сега да ги исполни своите ветувања

Пред состанокот на Европскиот совет пратеничката група на зелените во Европскиот парламент го повикува Советот да ги отвори пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија.
„Европскиот совет мора да даде зелено светло за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Се доведува во прашање кредибилитетот на ЕУ доколку одлуката за овие две држави повторно се одложи. Перспективата за членство во ЕУ за државите од Западен Балкан е од фундаментално значење за стабилноста на целиот регион. Северна Македонија и Албанија направија огромни напори да го следат реформскиот процес проектиран заедно со ЕУ. ЕУ мора сега да ги исполни своите ветувања. Понатамошното одлагање на обете одлуки го загрозува угледот на ЕУ во регион кој станува област за конкуренција со многу други актери“, изјави Рајнхард Бутикофер, европратеник од зелените и член на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент.
„Северна Македонија стана модел за решавање на билатералните прашања со соседните држави на мирен начин. Постигнатиот договор со Грција, во Преспа, во јуни 2018, кој следуваше по билатералниот договор со Бугарија, е значаен договор кој дава поттик за стабилноста на целиот регион. Покрај ова, Северна Македонија презеде длабоки реформи за поддршка и консолидирање на своите демократски институции. Отворањето на преговорите ќе ги зајакне сите оние што се залагаат за дијалог и помирување и внатре и надвор од земјата. Со повторното изостанување одлука за почнување на преговорите се засилува целото националистичко милје и во Северна Македонија и во Грција, кое се обидува да го стави во прашање договорот од Преспа“, изјави Виола вон Крамон, европратеничка од зелените, член на Комисијата за надворешна политика и известувач во сенка на Инструментот за предпристапување III.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улицата Христо Татарчев бр. 47, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и кулите – Расдник, oпштина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура ќе достигне до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, во сабота наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
„Уапсени се полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер“: СДСМ ја поздрави акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

„Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција во која се лишени од слобода полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер на 16 март во т.н. дискотека Пулс во Кочани“, соопшти СДСМ.
„Фактот што четири месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја сокрие одговорноста на полицајците и полициските функционери, фактот што нивната вина беше негирана од страна на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски укажува на тоа дека сите биле вмешани или на некој начин знаеле за нелегалното работење на Пулс и тоа го одобрувале.
Само поради обидите да се сокрие одговорноста од страна на Тошковски и Мицкоски на лицата кои тие ги поставија за полицајци, командири и началници би требало веднаш да си поднесат оставки.
Одговорност мора да има и за Александар Јанев, директорот на БЈБ. Тошковски и Јанев не смеат повеќе да ја попречуваат истрагата ниту да влијаат некој да не сноси одговорност.
Вистината за Кочани која цела недела ја објавуваше СДСМ е точна. Се покажа дека без силен притисок на јавноста, на дел од медиумите и на СДСМ нема да има правда за Кочани. Време е за одговорност, време е за оставки“, се додава во соопштението на СДСМ.