Македонија
(Видео) Стоилковски: Компаниите на Заеви должат 400.000 евра данок
„Еленица“ и „Дравас инженеринг“ се двете најголеми компании на Заеви, а ѝ должат на државата над 400.000 евра данок, додека компаниите на Заеви им вртат 56 милиони евра годишно, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Замислете, компанија што не би била блиска до власта и зад себе нема политички функционер, како што е Зоран Заев, колку даночни инспектори досега, колку инспекции и колку блокирања сметки и други зафати ќе доживееше, зафати кон ништење на бизнисот.
Во време додека Зоран Заев е премиер фирмите на семејството Заеви енормно се шират. Фирмите на Заев добија дозвола за одгледување медицинска марихуана во Свети Николе, го купија струмичкиот гигант „Герас Цунев“ за цена на една гарсониера, за 40.000 евра добиваат проекти за градба на станбени комплекси вредни десетици пати повеќе. И тоа не е сè. Вакви примери има многу. Бизнис во Струмица не е можен ако во тоа немаат интерес компаниите на Заеви.
Зоран Заев со триесетина семејни компании е пример за можна корупција, пример за политичко влијание, за моќ во бизнис-релациите. Тоа се најмалку неколку десетици причини за корупција и за насочување на државните економски текови. Сè додека на јавна функција се политичари што се сопственици, акционери на компании, има можност за корупција.
Македонија ја тресат скандали и афери поврзани со корупција и злоупотреба на моќта, поврзани и со политичкото дејствување на Зоран Заев, почнувајќи од струмички „Глобал“, до транспорт, градби, ископи, заеми, до полињата со марихуана, сите поврзани со фирмите на Заеви.
Бараме сите политичари што вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или акционери во одредени компании, бараме суштински да ги отуѓат бидејќи отвораат можност за корупција и насочување на економските текови во државата кон лични цели.
Формалното бришење од сопственост или формалното замрзнување на своето дејствување на политичари во компанија, кои истовремено се и јавни функционери, како Заев, отвора реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МНР ги повика сите лица заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.
Македонија
(Видео) Филипче: Врските на Стоиљковиќ со Москва и кинеските кредити се сериозен сигнал
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека пораките упатени од највисоката адреса на Алијансата се јасни и недвосмислени и директно се однесуваат на актуелната влада. Филипче вели дека врските на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ со структури блиски до Москва како и кинеските кредити претставуваат сериозен сигнал за загриженост.
„Фактот дека вториот човек во Владата има отворени контакти со лица и организации кои се во директна комуникација со Кремљ, во време кога Русија води агресија врз Украина, е нешто што не може да се игнорира“, нагласи Филипче.
Тој посочи и на финансиските аранжмани на Владата, потенцирајќи дека заемот од една милијарда евра преку Унгарија, за кој европските институции во свој извештај нотирале дека станува збор за средства со кинеско потекло, отвора сериозни прашања.
„Кога на тоа ќе се додадат и кинеските пари кои пристигнаа преку заемот од Унгарија, станува јасно дека станува збор за политики кои испраќаат погрешни сигнали во рамки на Алијансата. Нашиот одбранбен чадор знае точно какви политики води оваа влада и јасно укажува на нив“, истакна Филипче.

