Свет
ФСБ: Водечките ИТ-фирми не соработуваат со специјалните служби, а терористите го користат тоа

Директорот на руската Федерална служба за безбедност, Александар Бортњиков, вели дека несоработката на водечките светски ИТ-компании со специјалните служби во борбата против тероризмот во сајбер-просторот претставува голем проблем што им оди во прилог на терористите, пренесува „Спутник“.
Како што појасни Бортњиков, основниот инструмент за комуникација и понатаму се интернет-месинџерите, кои се шифрирани, што претставува проблем за специјалните служби.
„Способноста на хакерите што работат за терористите да ги маскираат своите сајбер-напади и да ги претстават како напади од одредена земја може да доведе до реални политички и воени конфликти“, предупреди тој.
Бортњиков укажа и на тоа дека е во пораст заканата од користење на новите безжични технологии, кои не зависат од мобилните оператори или од конекцијата на интернет, при изведувањето на терористичките напади.
Меѓу другото, тој ја спомена вештачката интелигенција, која им е широко достапна на сите, па и на терористите, кои би можеле да ја искористат при изведувањето напади.
Кога станува збор за Русија, Бортњиков вели дека безбедносните служби блокирале околу 8.000 интернет-страници чија содржина била составена од терористичка пропаганда. Покрај тоа, ФСБ спречила 39 терористички напади само во 2019 година на територијата на Руската Федерација, а 32 терористи биле ликвидирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.