Свет
Јункер-Џонсон: Дојде моментот за брегзит и за нови односи меѓу Лондон и Брисел
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и британскиот премиер Борис Џонсон во Брисел порачаа дека дошол моментот за излез на Велика Британија од ЕУ, но и за изградба на нови односи меѓу Лондон и Брисел.
„Сега е момент да се оствари брегзит и заедно да работиме на изградба на нашето идно партнерство кое може да биде многу позитивно и за Обединетото Кралство и за ЕУ“, истакна Џонсон.
Тој го поздрави договорот, кој, според него, овозможува да се исполнат целите предвидени со брегзит.
„Тоа значи дека Велика Британија на 31 октомври излегува од ЕУ цела и единствена и оти Северна Ирска и секој друг дел на Обединетото Кралство ќе учествуваат во слободната трговија и заедно ќе одлучуваат за нашата иднина“, нагласи Џонсон.
Британскиот премиер ги повика членовите на британскиот Парламент без одложување да го прифатат ревидираниот договор за брегзит, за да се фокусираат на потребите на британскиот народ.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, истакна дека постигнатиот договор покрај британскиот Парламент, сега мора да го одобри и Европскиот парламент.
„Договорот е постигнат поради народот и мирот, а не поради политичарите. Ќе почнеме разговори за нашите идни односи веднаш откако ќе се одобри договорот“, најави Јункер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Александар Вулин: Пријателството меѓу Србија и Кина е челик затоа што го ковавме во оган
Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, на промоцијата на културната размена меѓу Кина и Србија на тема „Што ги делат планините и реките, пријателството обединува“, изјави дека пријателството меѓу двете земји е челик бидејќи е ковано во оган и дека Србија и Кина се разделени за многу работи, но најважното ги обединува, а тоа е одлуката на две држави да бидат слободни.
„Пријателството на нашите лидери, претседателот Вучиќ и претседателот Си Џинпинг, не обврзува да сториме сè, исто како нив, за нашите народи да бидат поблиски отколку што нè прави блиски географијата или историјата. Србите и Кинезите ги дели сè, ние сме различни во сè, но нас нè обединува она најважното – нашата одлука да бидеме слободни, нашата посветеност на најважната карактеристика на народите и луѓето – слободата“, рече Вулин на настан организиран од China Media Group.
Свет
Професорите на Универзитетот во Амстердам протестираа во знак на солидарност со студентите
Наставниот кадар на Универзитетот во Амстердам одржа протест во знак на солидарност со студентите, чии демонстрации против војната во Газа претходно беа насилно расчистени од полициските сили.
Полицијата со булдожер ги урна барикадите и уапси околу 140 демонстранти, а постојано има судири меѓу безбедносните сили и студенти, пренесува Ројтерс.
„Учениците и вработените пријавиле употреба на полициски палки и кучиња, како и булдожери во обид на полицијата насилно да ги отстрани. Поради прекумерната употреба на насилство, луѓето се повредени“, велат од групата Холандски научници за Палестина.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.