Црна хроника
Пронајдено оружје во куќа на жител на Копанце, Тетовско

Автоматска пушка, пиштол и муниција биле пронајдени во куќа на жител на тетовското село Копанце.
Според информациите на МВР, вчера е приведен Б. З. (32) од с. Копанце, Тетовско, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени една автоматска пушка, една рамка со 19 куршуми во калибар 7,62 милиметри, еден пиштол „берета“ со една рамка, 162 куршума во калибар 7,62 милиметри и еден куршум во калибар 7,65 милиметри.
З. Б. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот. Денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец имал сексуален однос со штитеник од установа за згрижување деца, МВР постапува

Jавна установа за згрижување на деца пријавила дека на 27 април во стан на подрачјето на Центар, Љ.П. од Скопје имал сексуални односи со 15-годишен штитеник на установата.
Со малолетникот, во присуство на старател и воспитувач од установата, бил извршен службен разговор и за настанот бил известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесено писмено известување до ОЈО Скопје.
Црна хроника
Хаос во скопско казино: нападнат вработен оти не дозволил влез на малолетник, му дошле четворица

Вработен во скопско казино синоќа околу 2 часот бил нападнат од четири лица, откако не му допуштил влез на малолетник во казиното.
„Дошле А.Б., Б.А. А.С. и уште едно лице, по што А.Б. физички го нападнал пријавителот. Исто така, А.Б. и А.С. со тврд предмет се заканувале кон пријавителот, неговиот брат и уште еден вработен во објектот“, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кумановка украла туѓа картичка и трошела од парите по казина

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(41) од Куманово, поради оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
„На 5 март во приватна компанија во Индустриската зона Бунарџик, пријавената одзела туѓа платежна картичка и неовластено извршила трансакции во две казина во Куманово“. соопшти полицијата во дневниот полициски билтен.