Вести
САД одобрија употреба на експерименталниот лек против ебола, од која починаа над илјада луѓе

Американскиот претседател Барак Обама и Државната агенција за храна и лекови одобрија, по барање на владата на Либерија, испраќање примерот доза со експерименталниот лек против еболата за лекување на либерискиот лекар инфициран со овој вирус, објави либериската влада, Светската здравствена организација потврди дека бројот на жртвите надмина илјада.
Во изјавата објавена на официјалните интернет страници се наведува дека експерименталниот лек ќе биде доставен во текот на оваа седмица, а по директната жалба на либериските власти до американскиот претседател Барак Обама.Директорката на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), Маргарет Чан, исто така, го одобри испраќањето на дополнителни дози од експерименталниот лек во Либерија за да се засили лекувањето на заболените лекари, се наведува во соопштението. Истовремено ноќта кон вторникот СЗО објави дека бројот на починатите од најтешката епидемија од еболата достигнал 1.013, откако во три дена, заклучно со 9-ти август, во три западноафрикански држави умреле уште 52 лица. Вкупниот број заболени до ебола, исто така, се зголемил на 1.848 од појавата на последната 14-та регистрирана епидемија на еболата од февруари годинава. Најголемиот број ново пријавени смртни случаи има во Либерија – 29, а потоа 17 жртви има во Сиреа Леоне и шест во Гвинеја.Еболата е откриена од Питер Пиот кој го Заирскиот сој на еболата во 1976 година во тогашен Заир, или сегашна Демократска Република Конго, , а своето име го добила според река која се наоѓа во ДРК. Оваа болест се пренесува преку директен контакт со ткива, крв, плунка и пот од заразените лица. Од неа умреле околу две третини од заболените во изминатите четири децении, а во две епидемии стапката на смртност била речиси 90 отсто. Во најновата епидемија оваа стапка изнесува над 55 отсто.Хеморагичната треска ебола е смртоносно заболување коешто се шири преку незаштитен директен контакт со крв или секрети од инфициран човек, како и преку контакт со предмети кои биле контаминирани од заразено лице. Не постои посебен начин за третман на еболата или вакцина против неа.Клиничките испитувања на вакцина против еболата треба да започнат во септември, а според некои научници вакцината во текот на тестирањата врз животни покажале ветувачки резултати./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.