Свет
Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела
Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара одлагање на датумот за излез на Велика Британија од ЕУ, откако пратениците го одложија гласањето за брегзит.
Џонсон нагласи дека предлог законот за договорот за излез на Британија од ЕУ ќе го испрати во парламентот следната недела, за да се избегне ново одлагање, тврдејќи дека законот на тоа не го обврзува.
Сепак, според таканаречениот Бенов закон, премиерот мора да побара продолжување откако пратениците денеска не го одобрија договорот.
Законот за спроведување на договорот технички би требало брзо да се сработи, овозможувајќи и на Велика Британија до договорениот рок – 31 октомври, да ја напушти ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Три украински хеликоптери слетале во близина на фронтот, ги забележал дрон, за кратко време биле уништени
Украински воени хеликоптери по втор пат за два месеци слетале во близина на линијата на фронтот во источна Украина за да се снабдат со гориво и муниција, а од воздух биле забележани од руски дрон, пишува Форбс. Неколку моменти подоцна, руската артилерија со долг дострел – веројатно балистичка ракета Искандер – разнесе три хеликоптери во близина на Павлохрад, 112 километри западно од контактната линија околу населбата Бердичи.
Оваа загуба е катастрофална за малите воздухопловни сили на украинската армија, но и уште еден знак дека Украинците сè уште не можат лесно да одржат соодветна воздушна одбрана по целата линија на фронтот, која е подолга од 960 километри.
Yes, it happened again, this time worse if you want to say so.
Russian Forces hit and destroyed 2x Ukrainian Mi-24 Attack Helicopters standing at a Resupply and Refuel Point in an Open Field(along with a MI-8 in the back, unlikely it was affected) using a D-30SM UMPB bomb (IMO) pic.twitter.com/Do1o8kZTXw
— WarVehicleTracker (@WarVehicle) May 11, 2024
Два нападни хеликоптери Мил Ми-24 и еден Мил Ми-17 беа во мисија во саботата и слетаа на таканаречената „точка за оружје и полнење гориво“, односно ФАРП.
ФАРП е поле во близина на фронтот каде што хеликоптерите можат безбедно да слетаат за да можат помошните трупи брзо да надополнат гориво и муниција. Идејата е екипажот на хеликоптер многу брзо да подигне сè што им треба – идеално за само неколку минути – и повторно да полета пред непријателот да ја таргетира локацијата.
Украинците ги извршуваат овие операции секој ден, бидејќи нивните хеликоптери летаат ниско на мисиите долж линијата на фронтот, пренесувајќи опрема и ранети војници и гаѓајќи ракети без насоки кон руските сили.
Европа
Тело на уште една жртва пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, Русија, бројот на загинати се искачи на 17
Телото на уште една жртва е пронајдено во урнатините на станбена зграда во Белгород, со што бројот на жртви се искачи на 17, соопшти прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации за „Тасс“.
Белгород и неговата околина беа изложени на масовно украинско гранатирање во неделата. Русите тврдат дека остатоците од еден од соборените проектили погодил десеткатница во Белгород, што предизвикало нејзино уривање.
Истражниот комитет на Русија почна истрага за тероризам.
Европа
Грузија го усвои контроверзниот „руски закон“, кој предизвика хаос во земјата
Грузискиот парламент го усвои контроверзниот закон за странските агенти и покрај големото противење на граѓаните и предупредувањата од Европската Унија дека неговото донесување ќе ги загрози шансите на земјата да му се приклучи на блокот.
Новиот закон ќе бара организациите што добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како агенти на странско влијание или ќе се соочат со високи казни. Противниците велат дека законот е направен според слични закони во Русија ,кои Кремљ ги користел за да ги задуши опозицијата и граѓанското општество.
Многу Грузијци стравуваат дека законот за странски агенти ќе се користи на ист начин во нивната земја. Масовните демонстрации со денови го парализираат главниот град Тбилиси.
Грузискиот сон, владејачката партија која го протурка законот, возврати на критиките велејќи дека овој потег ќе ги промовира транспарентноста и националниот суверенитет.
Грузискиот парламент сега има 10 дена да го испрати нацртот до претседателката Саломе Зурабичвили, која веќе вети дека ќе стави вето.
Претседателката има две недели да го стори тоа, но парламентот може да го отфрли нејзиниот приговор со просто мнозинство.