Македонија
(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13, Миле Јовановски, обвинет дека му нанел тешка телесна повреда на попот Виктор Стојчев, кој е оштетен во постапката и дојде со својата сопруга.
Судијката Александра Ристеска рече дека не добила известување за отсуството на обвинителката, која била уредно повикана. Адвокатката на Јовановски, Јелена Симиќ, рече дека не им бил дозволен увид во доказите на Обвинителството иако тоа го барале со ургенции.
Боки 13 е сведок во оваа постапка, но судот не го повикал поради економичност на постапката.
Следното рочиште е закажано за 12 ноември. Излегувајќи од судот, Миле Јовановски рече дека не бил Силвестер Сталоне за да го истепа попот за една минута, кој, пак, му бил сосед.
„Не сум Силвестер Сталоне да го истепам за една минута“, рече Јовановски на излегување од судницата.
Таткото на Боки 13 прашан од новинарите рече дека не знае ништо за случајот „Рекет“: „Не знам ништо, немам поим“ одговори тој.
Инаку, често се случува во судот да не доаѓаат обвинители. Утрово и обвинителката која го застапуваше обвинението побарала изземање за случајот со малата Тамара.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Дали СВР Велес фалсификува службени документи за да ги заштити УМС на ВМРО-ДПМНЕ, прашува Цветаноски

Денеска поставуваме сериозно и алармантно прашање: Дали СВР Велес фалсификува службени документи за да ги заштити УМС на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност, прашуваат од СДММ.
„Откако УМС на ВМРО-ДПМНЕ славеа со пиротехника во момент кога цела Македонија тагува по трагедијата во Кочани скандалот стана уште поголем. УМС објави демек „доказ“ дека го пријавиле настанот и пиротехниката, но дали е валидно и дали станува збор за фалсификат? Нема повратница од Министерството за внатрешни работи – со што би се потврдило дека оваа пријава навистина е доставена и примена во законскиот рок“.
Не е наведена количината на пиротехнички средства што ќе се користат, што е обврска според член 39 од Законот за употреба на пиротехнички средства, вели Бојан Цветаноски, претседател на ЛК СДММ Прилеп.
„Но што е клучно. На документот стои ознака со број 23.23.5.5188/2.
Според нашите информации ова е интерна ознака, која не ја става известителот, туку ја додава началникот на СВР по приемот на актот. Тоа значи, оваа ознака не може да биде дел од документот што го објавува УМС туку е службена ознака по прием. Со други зборови, оваа хартија што се обидоа да ја протнат како легален документ постои голема веројатно дека не е релана“.
Очекува, како што нагласи, одговори од МВР и Панче Тошковски и праша дали е ова фалсификат.
Според него, нема правда ако институциите фалсификуваат документи за да ги штитат партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Ако ова се потврди, ќе бараме, потенцира Цветаноски, кривична одговорност за сите инволвирани, од извршителите до политичките наредбодавци.
Македонија
Побаран доживотен затвор за убијците на Вања и Панче: Двете дела се убиства на свиреп начин за кои е предвидена најтешка казна

Обвинителките Ана Стојковиќ-Димитровска и Жаклина Крстевска во завршните зборови на денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, побараа доживотен затвор за Љупчо Палевски- Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев.
„Делата се сторени со умисла, со намера. Жртвите се грабнати на ист начин, загрозени, врзани, во страв. Двете дела се убиства на свиреп начин, за кои е предвидена најтешка казна. Жртвите се врзани, ставени во гепек, им се вперил пиштол. Овие стресови се катастрофална траума од висок интензитет, двете жртви претрпеле тешко страдање“, рече обвинителката Стојковиќ-Димитровска.
Самиот факт дека Вања Ѓочеввска е дете од 14 години, обвинителката рече дека е доволно за доживотен затвор. За прашањата на јавноста зошто е убиена Вања, обвинителката рече дека не е нужно да се утврди мотивот за да се докаже нечија вина и дека отсуството на мотивот, кој е субјективен однос на злосторникот кон делот, не е причина некој да биде осуден.
Обвинителката кажа дека убијците имале умисла да земат пари, а примарната цел била Вања, сржта биле парите, како што се изрази, додека Панче бил средство за остварување на целта. Им требал неговиот „цитроен“ со голем гепек. Грабнувањата и убиствата биле темелно испланирани, а потоа сите траги биле уништени и избришани вклучително и пиштолот.
Обвинителството смета дека нема олеснителни околности за обвинетите оти сите четворица се во зрела возраст, сите се родители, а некои сакале да бидат и политички фактор, одзеле живот на дете- нешто што не се толерира и затоа побара доживотен затвор за сите.
Соодветна затворска казна од судот обвинителките побараа и за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски за кого кажаа дека не тврдат дека имал умисла да му биде убиено детето, но помагал во грабнувањето и неговата улога е трагична па побараа судот да го прогласи за виновен.
14-годишната Вања Ѓорчевска беше пријавена за исчезната на 27 ноември 2023 година, а
Велешанецот Панже Жежовски беше пријавен за исчезнат на 24 ноември 2023 година, а три дена подоцна на 27 ноември беше пријавен за исчезната Вања Ѓорчевска. Двајцата беа пронајдени мртви на 3 декември 2024 година, Жежовски во близина на Велес, Ѓорчевска во Скопје.
Македонија
(Видео) Обвинителството да отвори постапка за криминалниот круг Филипче – Заев – Зобек мининг, бара Петрушевски

Фрапирани сме од молкот во СДС и кај Венко Филипче, за неговата фирма во Бугарија, џипот купен од фирма која на тендер носела јаглен во ЕСМ и фирмите на Заеви кои инкасирале 9 милиони од истиот тендер, а се поврзано со улицата Гоце Делчев бр. 12 во Петрич, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче сега кога е претседател на СДС е сè уште и управител на бугарска фирма.
Истата таа бугарска фирма на Филипче дели канцеларија со фирмата на Заев која наплатила 9 милиони евра за ископ на јаглен во Грција од фирмата која го продавала на ЕСМ.
Фирмата која го продавала јагленот на ЕСМ е фирмата која му го купи луксузниот џип ауди Q8 на Венко Филипче. Овој криминален круг, Заев, Филипче, Зобек мининг мора да биде растурен“, нагласува Петрушевски.
Очекува, како што рече, ЈО да отвори постапка.
„Премногу очигледни и на тацна се сите давања и земања, и многу лесно се гледа политичкото влијание. А наградата, џипот за Филипче е крунски доказ, од каде почнува се.
ЈО да не молчи. Постапка веднаш. Во спротивно ќе се испостави дека се само заштитници на криминалците од СДС“, нагласува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.