Македонија
Макрон набргу во Скопје и Тирана
Албанските медиуми пренесуваат дека францускиот претседател, Емануел Макрон, идниот месец ќе ги посети Северна Македонија и Албанија.
Макрон на прес-конференцијата што ја одржа по самитот на ЕУ во Брисел најави дека планира да дојде во Скопје и во Тирана на средби со премиерите Зоран Заев и Еди Рама.
Посетата на Макрон на двете земји ја потврдиле дипломатски извори во Тирана за Exit.al. И албанскиот премиер Еди Рама, по денешната средба на раководството на неговата Социјалистичка партија, рекол дека набргу ќе има многу значајни средби, меѓи кои и со Макрон, без да открие повеќе детали.
Албанските медиуми наведуваат дека како знак на поддршка од официјален Париз во Тирана е отворена канцеларијата на Француската агенција за развој, која ќе работи на развојни проекти во Албанија.
Потсетуваат дека Макрон планирал да дојде во Албанија есента 2018 година во рамките на балканската турнеја, но посетата била откажана.
Засега нема официјална потврда за посетата на францускиот претседател на Албанија и на Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

